Црвените браќа

За кратко време тие организираат серија на напади во Бугарија: заговорот за убиството на Фердинанд I и Николај II во Софија во 1912 година и атентатот во Градското казино во 1915 година. Се смета дека идејата за нападот во црквата “Света Недела” во 1925 година била позајмена од Црвените браќа кои планирале напад во катедралата “Св. Александар Невски “.Желбата за слобода од турските власти го тера македонскиот народ да прифати разни форми на борба. Некои од идеите доаѓаат од македонските студенти кои студираат во Европа. Непосредно пред Балканската војна, во Македонија се појавува и анархосоцијалистичко движење  „Црвени браќа која имала свои келии во Солун, Струмица, Куманово и Кратово.  
Македонската социјалистичка група која се вклучи во револуционерното движење и зеде учество во Илинденското востание во 1903 година, по востанието нејзината дејност во некои револуционерни окрузи била ограничена. Меѓутоа, Младотурската револуција во 1908 година овозможила да дојде до зголемувањето и проширување на нејзината активност и организирање на социјалистичките организации во Велес, Битола, Скопје и др. Особено се истакнувала Скопската организација која била основана во јануари 1909 година. Во мај истата година, оваа организација ја организирала првата мајска манифестација во Османската империја.
Во јануари 1910 година, во Белград е одржан првиот конгрес на социјалистичките партии на Балканот. На конгресот биле делегати од Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Црна Гора, Турција и словенечките области под Австро-Унгарија. Учесниците на конгресот сметале дека единствено можно решение за сите национални прашања на народите на Балканот е живеење во заедничка федеративна заедница.
На конгресот македонските социјалисти Васил Главинов, Михаило Цоков, Душан Цекиќ и Стојан Дивлев, меѓудругото, истапиле против аспирациите на балканските држави за завладување на Македонија и за правото на слободен живот и општествен прогрес. Согласувајќи се со ставите изнесени на конгресот, тие по враќањето во Македонија вложиле огромен напор за популазризирање на идејата за балканска федерација, составена од слободни балкански републики, од кои една би била Македонија.
Истовремено тие ги зголемиле своите напори за обединување на социјалистичките сили во земјата во единствена партија. Во декември 1910 година, во Солун била свикана конференција на која присуствувале делегати од социјалистички организации на Солун, Скопје, Битола, Велес и Тетово. Тежнејќи кон обединување на силите на собирот била задолжена организацијата од Солун да изработи статут и програма, кои требало да бидат прифатени на основачкиот конгрес кој требало да се одржи во текот на 1911 година. Меѓутоа до ово конгрес никогаш не дошло бидејќи сеуште не биле созреани условите во земјата, како и поради не дадената помош од страна на српската и бугарската партија.
Но, очајната борба за ослободување од турска власт, во овој период потикнуваат и поинакви идеи. Непосредно пред Балканската војна, во Македонија се појавува и анархосоцијалистичко движење  „Црвени браќа“, односно „Меѓународна револуционерна асоцијација“, која имала свои келии во Солун, Струмица, Куманово и Кратово.  
Црвените браќа како анархистичка група дејствувала во Османлиската империја и Бугарија по Младотурската револуција се до Првата светска војна. Таа произлегла од Народната федеративна партија. Раководството на организацијата одржува тесни врски со турските специјални служби.  Групата била  основана во Солун во јули 1908 година Во неа членуваат левичарите и санданисти Владимир Попнајденов, Иван … (?), Милан Манолев, Владо Чолаков и Панчо Јосифов.
За кратко кон нив се приклучил Георги Парталев кој набргу потоа зазема висока служба во турската тајна полиција. Тој станува врска меѓу терористите анархисти и раководството на османлиското разузнавање. Наум Туфекчиев го обезбедува потребниот експлозив за нивните акции, а Христо Иванов им бил врска.
За кратко време тие организираат серија на напади во Бугарија: заговорот за убиството на Фердинанд I и Николај II во Софија во 1912 година и атентатот во Градското казино во 1915 година. Се смета дека идејата за нападот во црквата “Света Недела” во 1925 година била позајмена од Црвените браќа кои планирале напад во катедралата “Св. Александар Невски “.
Неуспешниот обид за обединување на силите во Македонија и Османската империја, како на социјалистите, така и на севкупните македонски револуционерни сили, пред судбоносните настани во 1911, 1912 и 1913 година ќе има тешки последици по Македонија. Иако прогресивните сили го подигнале својот глас пред се поголемата воена закана на Балканот, залагајќи се за здружување на балканските народи во федеративна заедница, нивниот глас го немал значењето и силината на една организирана сила.Желбата за слобода од турските власти го тера македонскиот народ да прифати разни форми на борба. Некои од идеите доаѓаат од македонските студенти

Пронајдете не на следниве мрежи: