Зошто настанала и што порачува песната „Народе македонски, свести се не спи ти“?

Зошто настанала песната и што порачува – Германос Каравангелис – спомнат во песната – зошто? И кој е тој?Непријателскиот однос кон македонското и влашкото малцинство во Грција беше целосно манифестиран од Грчката православна црква. Додека Македонија сè уште беше под турско ропство, а тоа е пред 1912 год., грчката црква беше таа која го охрабруваше и дури го проповедаше како божествено дело уништувањето на македонското и влашкото население. Неуспевајќи да го грцизираат христијанското население преку црквата, грчките митрополити ги контактираа воените офицери од грчката армија со цел да се организираат и испраќаат грчки вооружени банди против населението во Македонија.
Грчиот митрополит Германос Каравангелис од Костур, ги покрстуваше овие грчки терористички банди во името „војници на Христос“. Во јужна Македонија само за време на 1904 и 1905 година, 1039 македонци исчезнаа како резултат на грчкиот тероризам, инспириран и благословен од грчките митрополити. Многу Власи исто така исчезнаа. Само во македонското село Загоричани, во напад извршен на 25 март, 1905 година, од страна на грчка банда заштитена од митрополитот Каравангелис беа масакрирани 60 селани, 7 сериозно ранети и опожарени 28 куќи. Има и многу други сведоштва кои покажуваат дека грчките банди беа поставени во Македонија од грчката влада. Во книгата, „Мојата мисија во Русија“, том 1, страна 64, познатиот англиски дипломат George Buchanan дава сведоштва за тоа. 
Кога големиот македонски бунт избувна во август 1903 година против турското владеење, претходно споменатиот митрополит од Костур, Каравангелис, отворено стана сојузник со турските воени и цивилни власти против христијанските македонски и влашки бунтовници. Тој дури и дозволи да биде фотографиран заедно со турските цивилни и воени лидери од регионот на Костур и ја охрабри нивната анти-христијанска акција. Веќе позната денеска, оваа фотографија нема и во иднина да ја изгуби својата ценост како историско-документарен доказ и од тие причини ја вклучуваме во овој меморандум. 
Првиот странец кој ја забележал фотографијата А закачена во канцеларијата на турскиот кајмакам (префект) на градот Костур, Македонија, е познатиот англичанец д-р H. N. Brailsford.
Како резултат на споменатото востание, мноштво села и градови во јужна Македонија биле уништени од Турците. Д-р Brailsford заедно со добротворна група на Англичани ги посетил овие села и градови со цел да распредели успокоение за страдалното население. Тој останал таму за некое време и составил студија за условите во Македонија. Како резултат на ова студија и набљудувањата, д-р Brailsford во 1906 година го издава својот автентичен труд: „Македонија: нејзините народи и нејзината иднина“.

За неговата втора средба со грчкиот митрополит од Костур, Каравангелис, д-р Brailsford на страниците 193-194 во овој труд пишува:
„Се сретнавме уште еднаш овојпат во конакот на турскиот кајмакам и уште еднаш една фотографија ми го привлече погледот. Таа прикажуваше турски власти во свечени униформи како стојат околу турски топ и во нивната средина, симпатичен, забележителен, со изглед на господство и командување, беше лично митрополитот. Потоа се сетив на друга приказна која зборуваше како неговата милост ги испраќала неговите наемници да ги предводат турските трупи во нивниот масакар и го благословувал топот кој ги разрушувал села до прав.“
Нема да биде бесполезно да се спомене тука дека митрополитот Каравангелис и неговата црква беа во сојузништво со најзаостанатиот турски режим, против кој и самите Турци два пати востануваа за да се ослободат од него (во 1908 и 1920-22 година).
На истата страна од споменатата книга има опис на она што д-р Brailsford го видел во собата на митрополитот (фотографија Б). Тој пишува:
„За пет минути тој се потврди себеси за философ. За десет минути се призна себеси за слободоумник… Но таму, над мојата глава, на забележливо место на ѕидот висеше фотографија на ужасна глава до врат, со ***шум низ челуста, капејќи крв. И тогаш се сетив на приказната. Таа глава припаѓала на македонски началник. Банда на наемници од групата на митрополитот го убила додека тој лежел ранет во скривалиште. И приказната продолжи со тоа како убијците го донеле крвавиот трофеј до палатата, и како митрополитот ја фотографирал и ја платил нејзината цена од педесет парчиња злато. И таму, над мојата глава висеше фотографијата. Некако, ние запревме да говориме за морална филозофија“.
Еве како Германос Каравангелис им се обракал на беломорските Македонци:
Дека оваа теорија има длабоки корени во грчката политика кон Македонија, може да се забележи од обраќањето на митрополитот Каравангелис кон Коте од Рулја, кој е извршител на убиството на борецот за слобода Лазар Поп Трајков. Во своите спомени насловени како „Македонската борба“, митрополитот Каравангелис пишува:„Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед е грчки и земјата што ја газиме е грчка. Затоа сведочат и спомениците што се скриени во неа, и тие се грчки и монетите што ги наоѓаме се грчки и натписите се грчки“. Денес, грчката политика мудро ја користи оваа теорија: од една страна, подарувајќи ја како „данајски дар“ на пост-комунистичка Македонија и, од друга страна, искористувајќи ја сред меѓународните влијателни кругови како изговор дека Република Македонија ја краде грчката историја; и дека има територијални претензии кон Грција. Според тоа, ако се земе предвид дека Грција е најголемиот увозник на оружје во светски рамки за 2007 година (Financial Times, 16 април 2007 година), логично е да се постави прашањето дали ова не е подготовка на политичка агресија (претензија над името е претензија за земја – Nomen est Omen), за „легитимна“ закана со оружје.Непријателскиот однос кон македонското и влашкото малцинство во Грција беше целосно манифестиран од Грчката православна црква. Додека Македонија с&

Пронајдете не на следниве мрежи: