Велигденска работилница со децата со посебни потреби

Без оглед на степенот на развиеноста и општественото уредување, земјите во светот се поангажирано и поорганизирано се мобилизираат  за решавањето на проблемите на децата и лицата со посебни образовни потреби и задоволување на нивните специфични потреби. Токму основното училиште „Симче Настовски“, во село Вратница, е едно од училиштата во Македонија во кое се образуваат деца со полесни пречки во развојот.Денес, 28.04.2016, студентите на Економскиот факултет – Скопје , отсек Маркетинг, организираа  хуманитарен настан  во ООУ „Симче Настовски“ Вратница, општина Јегуновце, посветен на децата со посебни потреби.
Тимот, составен од студентите: Ангела Нешовска, Ива Попадиќ, Бојан Мартиновски, Вероника Стојановска, Бојана Алексова,  Јована Петровска ја изреализираа оваа Велигденска работилница со која испратија силна порака дека празниците треба да бидат еднакво весели за сите нас.

Ние, како општествено одговорни академски граѓани, решивме да им го разубавиме денот на дечињата од училиштето со организирање на Велигденска работилница. На работилницата учествуваа 8 деца со полесни пречки во развојот, под надзор на дефектологот кој редовно работи со нив – Снежанка Марковска.  Работилницата започна со кратка презентација за празникот Велигден, а потоа следеа разни активности, односно се бојадисуваа Велигденски јајца, се боеа  боенки со Велигденски теми и слично.  На крајот од работилницата на секое дете му беше доделено пакетче со храна , пијалоци и ликовен материјал донирани од спонзорите.
Спонзори:
Тинекс Маркети Скопје
Хацат ДОО Скопје
Друштво за сметковоствени услуги МинепресДенес, 28.04.2016, студентите на Економскиот факултет – Скопје , отсек Маркетинг, организираа  хуманитарен настан  во ООУ „Си

Пронајдете не на следниве мрежи: