Возбудлива велигденска магија за децата и возрасните во Скопје

Скопје сити мол и оваа година за претпразничните денови приреди незаборавни семејни мигови и доживувања за сите генерации. Децата ѝ се радуваат на домашната фарма со езерце со патки, кои имаат можност да ги хранат, но се дружат и со игривите зајчиња, кои може да ги милуваат, па домашната фарма и оваа година е катче на радост и смеа за најмалите посетители на Скопје сити мол, но и за родителите, кои со радост ги фотографираат и ги споделуваат моментите поминати со своите најмили. 
Дружбата со веселиот џиновски Зајко, со кој се фотографираат и се забавуваат дечињата, продолжува и натаму секој ден од 10 до 22 часот, веднаш до домашната фарма. Посетителите имаат прилика секој ден да го посетат и велигденскиот корнер и да купат декорации со кои ќе го украсат домот, ќе придонесат за велигденска, семејна топлина и празнични моменти.
Скопје сити мол, заедно со „НВО Детски свет – Нов почеток“, се погрижи „ВЕЛИГДЕНСКИОТ СВЕТ“ да биде спој на креатива, забава и хуманост. Секој викенд од 12 до 14 и од 18 до 20 часот на вториот кат се реализираат детски креативни работилници за деца до 10 години, каде што децата бојадисуваат велигденски јајца и изработуваат уникатни велигденски декорации, кои потоа се изложуваат. Со купувањето, посетителите донираат за првиот кол-центар за помош на лица со попреченост во видот.

Скопје сити мол секојдневно се труди да ги крева стандардите и културата на пазарењето, обезбедувајќи најдобар амбиент, најубави доживувања и најдобра грижа за своите потрошувачи, со посебен однос кон семејството и традицијата, празнувајќи заедно со сите свои пријатели.
За повеќе информации за настаните, посетете го следниот линк: www.skopjecitymall.mk/veligden
 
  
Дружбата со веселиот џиновски Зајко, со кој се фотогра

Пронајдете не на следниве мрежи: