Потекло и образование на Апостолот на Македонската Револуционерна Организација-ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Гоце Делчев е роден во Кукуш на 23.01. /4.02. 1872 год. како  прво машко дете на Никола Делчев и Султана Нурџиева. Во учебната 1879/80 се запишал во унијатско училиште, а потоа се префрлил во егзархиско. Уште во основно училиште се одликувал со големи умствени способности.Гоце Делчев е роден во Кукуш на 23.01. /4.02. 1872 год. како  прво машко дете на Никола Делчев и Султана Нурџиева. Во учебната 1879/80 се запишал во унијатско училиште, а потоа се префрлил во егзархиско. Уште во основно училиште се одликувал со големи умствени способности. Во учебната 1886/7 год. го завршил третиот клас од прогимназијата во Кукуш со солиден успех.Сакал да го продолжи своето образование, но на ова се спротивставувал татко му Никола кој сакал син му да го наследи во гостилничарството. Почнал да работи како чирак во бакалницата на Христо Балакџиев. По една година се запишал во солунската машка егзархиска гимназија, која била отворена во учебната 1880/81. Есента 1888 год. Гоце тргнал за Солун. Солунската машка егзархиска гимназија претставувала центар на револуционерни бранувања. Учениците пружале отпор на наставата на  бугарски јазик и  барале да им се предава на домашен 
македонски дијалект. Прва таква побуна се случила во учебната 1882/83 год. Меѓу организаторите на бунтот биле Ѓорче Петров и Пере Тошев.
Во учебната 1888/89 год. Гоце се запишал во IV клас гимназија. Бил солиден ученик. Го привлекувала математика а солидно го владеел и турскиот јазик. Во слободно време читал книги. Се дружел со најтелентираниот ученик Јордан Николов. Бил заинтересиран за филозофско-историската, револуцинерната и природно-научната литература. Посебно се восхитувал на Христо Ботевата револуционерна поезија. Бил обожавател на делото на„ Св Кирил и Методиј“.
Наставата започнала во првата половина на септември. Класот во кој учел Гоце броел 40 ученици. Бил добар по математика а го знаел и турскиот јазик благодарение на учителот од Кукуш Христо Бучков. Математиката ја знаел заради професорот Благој Димитров.
Во април 1888 год, на свеченоста посветена на роденденот на султанот Абдул Хамид II, кога сите викале да живее султанот, тој извикал „долу султанот“. Тој извик поминал незабележително и скандалот бил избегнат.
Во 1889 год. во пансионот на гимназијата делувале три ученички кружоци: литературен, филозофско-научен и револуционерен, со кој раководеле Борис Сарафов и Димитар Пожев. Во кружокот членувале: Гоце Делчев, Христо Чемков и Атанас Мурџев. Есента 1890 год. по заминувањето на Борис Сарафов и Димитар Пожев раководител на кружокот станал Гоце Делчев. Кон крајот на учебната 1890/91 год, решил да се запише на воено училиште. Во јули 1891 Гоце заминал за Софија. Во бугарското воено училиште во Софија во тоа време студирале 56 Македонци. Со акт бр. 192 од 23  јули 1891 год, Гоце Делчев станал воен питомец (јункер) во Кнежевството Бугарија.
Во овој период премиер на Бугарија бил Стефан Стамболов (1887-1894). Во военото училиште владеела строга дисциплина. Тогаш кај Гоце Делчев созреала идејата дека македонските интелектуалци ке бидат покорисни во родните места отколку во Бугарија. Гоце одржувал контакти со прогресивната македонска средина. Се спријателил со Коста Шахов уредник на весникот „Македонија“. Бил близок и со студентската  „Македонска дружба“ на чело со Даме Груев.
Во воените вештини Гоце не бил многу вешт. Најдобар успех имал по математика. Гоце го завршил првиот клас со средна оценка 9,5 со поведение 12. Со наредба од 15  септември 1892 год, Гоце бил преведен во среден клас, а со наредбата од 5  октомври 1893 год, во завршен клас. Во јули 1894 год. завршил трета година со успех 9,45 и со поведение 12. Се изјаснил за стажирање во 22-от пешадиски полк. Новата влада на Константин Стоилов го пролонгирала рокот за прогласување офицери до јануари 1895 год. што предизвикало реакција кај јункерите кои испратиле анонимни писма до началникот на военото училиште. Биле приведени тројца јункери: Васил Минчев, Владимир Ковачев и Марко Венков, сите другари на Гоце. Гоце ја превзел одговорноста за пишување на писмата. Бил притворен под обвинение дека е социјалист и дека врши социјалистичка пропаганда. Поради тоа, Гоце и покрај тоа што го завршил военото училиште, не бил произведен во офицерски чин.
ПРОДОЛЖУВА………
 
Н.Саздовски 
 Гоце Делчев е роден во Кукуш на 23.01. /4.02. 1872 год. како  прво машко дете на Никола Делчев и Султана Нурџиева. Во учебната 1879/

Пронајдете не на следниве мрежи: