Одговор на реакција од читател

До редакцијата на Пулс24 преку e-mail стигна реакција од читател засегнат од објавата на текстот Шарена или ЛГБТ револуција?
Во продолжение ја објавуваме неговата реакција и нашиот одговор.Почитувани,на ден 22,04.2016 година во 7:44 часот од страна на авторот ** виолета ** на вашиот електронски портал www.puls24.mk е објавен текст со наслов ** Шарена револуција или ЛГБТ револуција**, во кој текст се содржани невистини, при што ми е повредена честа и угледот а со тоа ми е причинета штета поради навреда и клевета, мојот идентитет е очигледен, лево на фотогорафија која е објавена во содржината на текстот, на авторот Ванчо Џамбаски, на која фотографија јасно се гледам и се наоѓам јас Михајло Алексов, затекнат на јавен протест како наводно држам за рака друг сограѓанин, при што од тексот произлегува дека според авторот сум учесник во ** ЛГБТ револуција ** а кое е целосна невистина. Ве молам за итно извинување и јавно повлекување на објавениот текст со веб адреса ** https://puls24.mk/mislenja/komentari/sarena-revolucija-ili-lgbt-revolucija **Благодарам однапред,Михајло Алексов.
Нашиот одговор во продолжение:
Почитуван Михајло,точно е дека Виолета на 22.04.2016 во 19:44 има објавено текст меѓутоа не со тој наслов кој што Вие го имате наведено.Насловот на текстот е „Шарена револуција или ЛГБТ револуција?“, односно авторот се запрашал дали револуцијата е ЛГБТ и воопшто не го тврди тоа туку наведува одредени показатели. Доколку сте го прочитале текстот никаде во него не е наведено Вашето наводно држење за рака туку дека во Шарената револуција едни од поекспонираните личности кои дури се впуштаа во туркање со полицијата се токму во текстот наведените личности преку кои се препознава ЛГБТ движењето во Македонија и кои се залагаат за поголеми права на нивната заедница.Што се однесува до користењето на сликата, искористена е јавно достапна слика од протестите меѓутоа во никаков контекст не е употребена, прераскажана или злоупотребена содржината на сликата подолу во текстот.Се надевам дека ќе не сфатите дека секое вакво инсистирање за извинување ќе го сфатиме како притисок кон порталот како медиум и тоа ќе биде јавно објавено.Почитувани,на ден 22,04.2016 година во 7:44 часот од страна на авторот ** виолета ** на вашиот електронски портал www.puls24.mk е објавен тек

Пронајдете не на следниве мрежи: