Популарниот хрватски автор Бруно Шимлеша кој урива рекорди на читаност утре ексклузивно ќе гостува на Саем на книгата во Скопје

Во рамките на Саемот на книгата, кој веќе во вториот ден од отворањето ги руши рекордите на посетеност, ќе се одржи ексклузивен настан, предавање на тема: „Како да се биде среќен во љубовта?“Предавач е еден од најпознатите автори на Балканот, Бруно Шимлеша, социолог, писател и мотивациски говорник од Хрватска.
Бруно Шимлеша е најпознатиот хрватски автор на книги од областа на популарната психологија или самопомош кој во последните години се стекна со голема популарност во регионот, а неговите предавања се едни од најпосетените настани на саемите на книги ширум Балканот.
Хрватскиот автор ќе зборува за некои од најчестите прашања што секој од нас си ги поставува – како да се привлече и задржи љубовта, како да се развие љубовта кон себе за да можеме да ја развиеме љубовта кон другите, како законот на привлечност навистина функционира, кои се најчестите заблуди за љубовта, во што најчесто грешат жените, а во што мажите итн.
Шимлеша досега има објавено 8 книги, а кај македонската публика е веќе познат по извонредниот хит „Љубовологија“ (2012, издавачка куќа „Концепција“), како и „Школа на животот“ (2013, „Концепција“). Ова се двете негови најпопуларни книги, кои ги уриваат сите рекорди на читаност не само во Хрватска, туку и на Балканот, а моментално го освојуваат и американскиот пазар.
Има многу книги кои зборуваат за љубовта, но она што е ново и поинакво во неговите книги е што Шимлеша бара и нуди решенија за вистинските проблеми во вистинскиот живот. Факт е дека ова не им успеало на многумина. Повеќето од нас знаат што би требало да се направи, но не и како да почнат да го применуваат тоа во својот живот. Како да се развие љубовта кон себе, како да се осмелите да бидете искрени во љубовта, како да бидете присутни во сегашниот момент, како да изградите успешен љубовен однос…Бруно повеќе го интересира праксата отколку теоријата. Затоа неговите предавања имаат голема посетеност, а од книгите се бара примерок повеќе.
Предавањето ќе се одржи на 14 април, со почеток во 18.30 часот, во Конгресниот центар на Скопски саем. Влезот е слободен, но бидејќи местата се ограничени, задолжителна е претходна резервација на тел: 02/3218-388 (од 08:00 до 15:30 часот) или во инбокс на фејсбук страната на Скопски саем.
Шимлеша ексклузивно за медиумите ќе биде достапен во т.н. Ред- софа која се наоѓа во Метрополис Арената од 10:30 часот на 14-ти април.Предавач е еден од најпознатите автори на Балканот, Бруно Шимлеша, социолог, писател и мотивациски говорник од Хрватска.
Бруно Шимлеша е на

Пронајдете не на следниве мрежи: