Жито Лукс со донаторска кампања за Детското одделение во Тетовската болница

Македонска компанија Жито Лукс заедно со граѓаните од Тетово ќе ги подобруваат условите во Одделот за детски болести при Клиничка Болница Тетово.Со секој купен производ на Жито Лукс, во Тетово, се донира за реновирање на Одделот за детски болести во Клиничката болница во градот. Во следните три месеци ќе биде активнахуманитарнаакцијана најголемиот македонски производител на леб и брашно, компанијата Жито Лукс. Имено, со одвојување на средства одсекој купен производ, Жито Лукс заедно со граѓаните на Тетово ќе придонесат за реновирање и опремување наОдделот за детски болести.
„Искрено веруваме дека оваа хуманитарна акцијаќе предизвика интерес и со помош на граѓаните на Тетово ќе добие подобри услови за лекување на дечињата. Дел од нашата стратегијаза општествена одговорност е да помагаме онаму каде што е најпотребно без разлика дали станува збор за институции или индивидуи”, истакна Лидија Трајковска Ристовска, менаџер во секторот за маркетинг на Жито Лукс.
Жито Лукс преку ваквите хуманитарни кампањи се залага за подобрување на условите во различни општествени сегменти. Нивната општествена одговорност и грижата за заедницата се покажува како еден од приоритите во работењето и ветува продолжување на ваквите акции што имаат улога да придонесат за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.Со секој купен производ на Жито Лукс, во Тетово, се донира за реновирање на Одделот за детски болести во Клиничката болница во градот. Во следните

Пронајдете не на следниве мрежи: