Со повеќе можности за вработување на Ромите до нивна поголема социјална вклученост

По повод Меѓународниот ден на Ромите, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) промовираше публикација со 10 инспиративни приказни од жени и мажи Роми, кои успеаа да обезбедат сигурна иднина преку вработување, времен работен ангажман, практиканство или создавање сопствен бизнис.Постојаната висока стапка на невработеност е една од главните причини поради која што Ромите се соочуваат со многу поголем ризик од сиромаштија од останатите етнички заедници. Ромите тешко наоѓаат работа на пазарот на трудот бидејќи често имаат недоволни образовни квалификации, но и поради предрасудите од страна на потенцијални работодавачи. Но, ваквите препреки можат да се надминат, покажува искуството на УНДП.
 
Благодарејќи на двогодишен проект, финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка во вредност од 370.000 американски долари, УНДП помогна да се воведат услуги за менторство и мониторинг за Ромите кои што бараат работа. Проектот покажа дека се работи за успешна иницијатива за надминување на клучните пречки со кои се соочуваат Ромите и другите лица кои се на ризик од социјална исклученост, бидејќи овозможува полесен пристап до услугите за вработување и влегување на пазарот на трудот.
 
Резултатите се импресивни. Во 2015 година, повеќе од 1.000 Роми се информираа и добиваа совети, препораки и насоки околу можностите за вработување и стекнување на работно искуство. После само неколку месеци менторирање, 176 од нив најдоа работа (42% млади и 41% жени).
 
Последните анкети укажуваат дека Ромите се сеуште во категорија на високо ранливо население. Треба да се вложат дополнителни напори за креирање на уште повеќе можности за подобро образование, вработување и приход, како и пристап до подобро живеалиште и социјални услуги за сите Роми.
 
Неколку статистики:

·         Општата стапка на невработеност е 25.5%, но се проценува дека за Ромите таа изнесува 75%
·         Ромите, а особено жените-Ромки, се помалку вработувани и помалку платени за слични работни места
·         Младите лица, кои не се Роми, а се на возраст од 20-24 години имаат 10 пати повеќе можности да се образуваат споредбено со младите Роми на иста возраст
·         Скоро 20% од ромските домаќинства не можат да си дозволат основни медицински услуги.

 
„Идејата ни беше да тестираме нови начини за создавање на можности за вработување преку помагање на невработените жени и мажи Роми да се стекнат со основни образовни квалификации и создавање на можности за бизнис старт-апи, субвенционирано вработување и општестинско – корисна работа”, вели Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. „Нашите услуги за тренинг и менторство доведоа до значителни резултати: повеќе Роми успешно се вклучија на на пазарот на трудот само за една година, отколу во сите изминати седум години”.
Овој пристап првично беше пилотиран во четири општини во 2014 година, а потоа проширен во уште 12 општини во 2015 година. Успешноста на пилот програмата доведе до вклучување на овие мерки во националната годишна оперативна програма за вработување. А во 2016 година, Владата ги направи достапни овие услуги и за други ранливи категории на население.  
 
Сите услуги за тренинг и менторство се развиени во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, Ромските информативни центри, општините и невладиниот сектор.Постојаната висока стапка на невработеност е една од главните причини поради која што Ромите се соочуваат со многу поголем ризик од сиромаштија од

Пронајдете не на следниве мрежи: