На 8-ми мај Скопје ќе биде домаќин на најмасовниот и најпосетениот Виз Ер Скопски Маратон досега

Ни остануваат уште 31 ден до најпопуларната и најмасовната спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски Маратон, кој оваа година се одржува на 8-ми мај по повод Денот на Европа, и според најавите ќе биде најмасовен до сега. Имено, до денес се пријавени повеќе од 4500 учесници од 38 земји од светот, а организаторите велат дека овој број се очекува брзо да се зголеми бидејќи до утре, 8 април, е рокот за пријавување по поволна цена.„Очекуваме 12-то издание на Скопскиот маратон да биде најмасовно, како и најпосетено до сега. Бројката до денеска e 4500 пријавени учесници, а има уште еден месец и еден ден до почнување на маратонот. Постојаното зголемување на бројот на учесници се должи на тоа што секоја година се зголемува бројот на љубителите на трчањето во нашата земја, но радува фактот што се зголемува и интересот на странските учесници, бидејќи од година во година работиме на подобрување на квалитетот на маратонот во секој поглед, како организациски, така и содржински и се обидуваме да ги следиме сите трендови во маратонското трчање. И оваа година Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Главниот спонзор Виз Ер како и минатата година, така и оваа, на сите пријавени маратонци им доделува вредносен ваучер во износ од 20 евра за некој од нивните летови. Она што ќе се случува пред маратонот е Женска трка која ќе се одржи во недела, во 10:00 часот во Градски парк во Скопје кај Школка. Станува збор за трка која од година во година се здобива со голема популарност, а и бројот на жените кои учествуваат е сè поголем. За во недела се очекува бројка од 1000 жени да земат учество. Оваа година трката ќе биде на 2км и ќе има натпреварувачки карактер, каде на најдобрите во неколку возрасни категории ќе им доделиме и медали и дипломи, а ќе се организира и лотарија за сите учеснички,“ изјави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски Маратон.
На денешната прес-конференција која се одржа во ЕУ инфо центар, свое излагање пред медиумите имаше и Аиво Орав, амбасадорот на ЕУ во Р.Македонија како и претставниците од Град Скопје и Агенција за Млади и спорт, кои заеднички го поддржаа маратонот и најавија настан кој се смета за еден од најголемите во регионот.
Скопскиот Маратон се одржувa по повод 9-ти мај, Денот на Европа, уште од неговото прво одржување во 2007 година. Маратонот, поддржан од Делегацијата на Европската Унија од самиот почеток, е еден од централните настани во програмата за одбележување на роденденот на Европската Унија.
По овој повод, Амбасадорот Орав изјави: „Ги поддржуваме спортските настани бидејќи спортот го пренесува концептот на мир, толеранција, меѓусебно разбирање и образование – вредности кои се во срцето на европската идеја.”
На пресот беше најавено и дека до 8-ми април пријавувањето е по поволна цена, а последниот рок е до 29-ти април (или додека не се пополнат предвидените места).
Како и што беше ветено, пријавените учесници во маратон, полумаратон и штафетниот маратон од 2015-та ќе добијат бесплатно учество на трките во 2016-та година. Начинот како може да се искористи тоа право ќе можат да го најдат на официјалната веб страница на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.
Стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратон (21.097км) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот, а организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат 4 трки на програмата како и што беше планирано и за минатиот маратон.
Повеќе детали за самиот маратон, пријавување и дисциплини има на веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.„Очекуваме 12-то издание на Скопскиот маратон да биде најмасовно, како и најпосетено до сега. Бројката до денеска e 4500 пријавени учесници,

Пронајдете не на следниве мрежи: