Масовни апсења на македонските револуционери по 6 јануари 1929 година

На 6 јануари 1929 година, кралот Александар Караѓорѓевиќ со државен удар го суспендира уставот на кралството на Србите, Хрватите и Словенците, ја распушти Народната скупштина и самиот себе си се прогласи за „носител на сета власт во земјата”. Истовремено кралот постави нова влада од политичари што беа во служба на дворот, со генералот Петар Живковиќ како претседател.На 6 јануари 1929 година, кралот Александар Караѓорѓевиќ со државен удар го суспендира уставот на кралството на Србите, Хрватите и Словенците, ја распушти Народната скупштина и самиот себе си се прогласи за „носител на сета власт во земјата”. Истовремено кралот постави нова влада од политичари што беа во служба на дворот, со генералот Петар Живковиќ како претседател.
Кон крајот на 1929 година во рамките на спроведената административно-територијална распределба на државата, беше образувана Вардарска бановина, во која покрај Вардарска Македонија беа опфатени делови на Јужна Србија и Косово. Тогаш беше променето и името на државата, која од „Кралство на Србите, Хрватите и Словенците” се преименува во „Кралство Југославија”. Оваа административно-територијална распределба беше одраз на стремежите за зацврстување на унитаризмот и таканареченото интегрално југословенство, за задушување и „претопување” на потиснатите народи.
Апсолутистичко-диктаторскиот режим на Александар, со сета бескруполозност и суровост го покажа своето вистинско лице и угнетувачка политика во Македонија. Доверливи луѓе на дворот и виши офицери со служба во Македонија, беа поставени за претседатели на општините, бидејќи единствено војската остана главен столб на диктатурата.
Во периодот на размавот и најголемиот притисок на диктатурата (1929-1931), во Македонија замре јавниот политички живот и се одржуваат само официјални прослави на државните празници. Во овој период секоја демократска и национална пројава на македонскиот народ најостро беше прогонувана. Прогоните и апсењата најмногу беа насочени против илегалните национално-револуционерните организации. Во Македонија единствено тие останаа вистински противници на режимот. Во летото на 1929 година беа извршени масовни апсења во Куманово, Велес и други места во Македонија. Истовремено беа уапсени и 113 припадници и симпатизери на ВМРО (Об.) од Велес, Скопје, Прилеп, Кавадарци, Штип и други места во Македонија
За состојбата во Македонија во тој период известува и „Македонско дело“. Редакцијата на весникот соопштува дека во врска со „процесот против !2-јца македонски национални револуционери” балканските национал-револуционерни организации излегоа со „Апел”, кој е објавен во продолжение.
„Балкански комитет на национално-револуционерните организации за судските процеси и прогоно во Македонија“ –  Македонско дело (У/114 (25. V1930), стр. 3.)
„Кон работните маси во Македонија и прогресивното светско општествено мислење.
Судската машина специјално создадена за заштита на воено-фашистичката диктатура во Белград продолжува незапирливо да работи
Процесите против револуционерните работници, комунисти и национал-револуционери пред специјалниот државен суд се редат еден по друг и завршуваат со драконски пресуди. Национално потиснатите народи, кои сочинуваат две третини од населението во Југославија, кои што диктатурата решила да ги претопи во една единствена великосрпска нација, како и револуционерното работништво и работните маси во земјата,. се објавени надвор од законите и нивната борба за леб и слобода се задушува со терор и крв.
Уште не е избришан впечатокот кај надворешниот свет од големиот процес против хрватските националисти(процес започнат на 24.04.1930г. против групата Хрвати на чело со Влатко Мачек), диктатурата во Белград инсценира пред државниот суд нов процес против 22 македонски национал-револуционери(пред Државниот суд во Велес биле изведени 19, а не 22 лица.), на чело со стариот народен учител и храбар борец за национална слобода на Македонија Панко Брашнаров. Злосторничките махинации на белградските мачители околу тој процес е најскандалозното нешто во овој случај. Процесот ќе се одржи во Македонија, наместо во Белград, каде што е седиштето на овој суд. Со тоа Белград ќе сака да го скрие своето крваво угнетувачко дело во Македонија, од очите на туѓиот свет и ќе има можност слободно да го продолжи тероризирањето на обвинетите национал-револуционери и во време на судењето. Ние протестираме најенергично против таа престапна маневра на диктатурата.
Одвај по единаесетмесечен затвор, македонските национал-револуционери се изведени да одговараат за државно предавство пред специјалниот суд на диктатурата, обвинети за учество во илегална против-државна организација, за водење на печатна пропаганда, со помош на тајна печатница и сл….
… Пред 3 месеци белградската генералска-фашистичка клика инсценира процес против 15 македонски револуционери од Куманово, кој заврши со осудувањето на сите обвинети вкупно на 65 години строг темничен затвор(Процесот против кумановци е одржан во Белград од 28.1 до 1.11 1930 г.). Судскиот терор на белградските џелати е само едно дополнување на режимот на масовни убиства, на масовен полициски терор на полно беззаконие и денационализација, кој постои повеќе од 10 години во Македонија, а се засили уште повеќе по воведувањето на диктатурата.
Од моментот на окупирањето на Македонија од белградските империјалисти до денес таму се убиени повеќе од 1500 Македонци; низ затворите поминале 25.000 лица, од нив 3700 се осудени заедно на десетина илјади години затвор, а 24 лица на смрт(податоци за периодот од крајот на Првата светска војна до 1929 г.). И денес уште 400 македонски револуционери гнијат во разните затвори на Македонија и во други места на земјата. Само во затворот во с. Идризово, крај Скопје, денес се наоѓаат 180 Македонци, политички затвореници. Тука не постојат политички и граѓански права и слободи. Полициското самоволие стои над се. Населението е подложено на насилна и крвава денационализација и србизација. Се ограбува земјата на селаните за да се населуваат српски колонисти. Сите национални и културни придобивки, извојувани по долги борби уште во времето на империјата на султаните и пашите, денес се уништени. На населението му се забранува да се служи и да зборува на својот мајчин јазик. Тоа е принудено да ги менува фамилијарните имиња, обичаите, носијата, кои сега насила се србизираат. Во економски поглед Македонија се третира како полуколонија и населението е подложено на нечуен грабеж и експлоатација.
Тој крвав пеколен режим во Македонија секогаш бил поставен под непосредна контрола на крунисаниот мачител Александар(кралот Александар Караѓорѓевиќ), кој со помош на познатиот бивш началник на општествената безбедност, денес бан на Македонија Жика Лазиќ, го спроведува овој суров систем на крваво потисништво и грабеж по долината на реката Вардар.
За работните македонски маси, за поробениот и угнетуван македонски народ не останува друг излез во неговата борба освен националното ослободување, освен масовната револуционерна борба. По тој револуционерен пат почнуваат да врват македонските маси и по него ќе продолжат да врват. Подемот на нивната ослободителна борба не се во состојба да го запрат ни масовните убиства и терор, ни судските процеси на диктатурата.
Протестирајќи со сите сили против крвавите и варварски методи на белградската диктатура во Македонија, протестирајќи против прогонувањето на 22 македонски национал-револуционери, исправени пред специјалниот државен суд, ние, претставниците на национал-револуционерните движења на Балканот, ја изразуваме нашата братска солидарност со херојската борба на македонските работни маси за ослободување, водена под знамето и раководството на ВМРО (Об.). Македонските работни маси конечно се ослободуваат од влијанието на балканските империјалисти од Софија, Белград и Атина, кои се обидуваат да го искористат нивното национално ослободително движење за свои сопствени цели….
Да живее борбата на македонскиот народ за слободна и независна Македонија!“
На 6 јануари 1929 година, кралот Александар Караѓорѓевиќ со државен удар го суспендира уставот на кралството на Србите, Хрватите и Словенците, ја р

Пронајдете не на следниве мрежи: