Македонски Грбови низ историјата

Грбот на Македонија прв пат се појавува во Илирскиот Грбовник од крајот на 16 век. Ова збирка грбови го преставуваат основниот извор на балканската хералдика. Грбот на Македонија прв пат се појавува во Илирскиот Грбовник од крајот на 16 век. Ова збирка грбови го преставуваат основниот извор на балканската хералдика. Појавувањето на грбот на Македонија е поврзано со Петар Охмучевиќ од Дубровничката Република. Дон Педро бил богат морнар кој бил во служба на Шпанија. Во 1588 г. Тој станал заповедник на фрегата која ја сочинувале 12 големи бродови. Подоцна во својата морнаричка кариера стигнал до чинот адмирал. Иако адмирал, тој не можел да стане витез на редовите на Калатрава, Алкантаре и Св. Јаков од Компостеле, бидејќи не бил од признато благородничко семејство.
За да докаже дека потекнува од благородничко семејство, тој почнал да собира материјални докази, и од 1580 г. почнува да произведува фалсификувани документи и измислени грбовници, за да докаже дека е потомок на Хреља Охмучевиќ, кој во 1349 година добил титула Бан на Костур од Цар Душан.
Тој почнал да собира и да создава грбови за своите предци и роднини и со тоа, како што тогаш бил обичајот, да докаже дека е благородник. Со ова започнува илирската хералдика. Тој ги собира собраните и создадените грбови во грбовник за кој тврди дека е составен 1340 и е најден меѓу светите книги на островот Атос, Македонија.
Така првиот Илирски Грбовник е изработен меѓу 1584 и 1594 година за да ги задоволи потребите на адмирал Петар Охмучевиќ од Дубровничката Република. Грбовите се направени во согласност со веќе постојните европски грбовници.
Овој грбовник, кој преставува прототип за другите е изгубен, или пак останува неоткриен некаде во библиотеките на Италија или Шпанија. Најстариот сочуван грбовник е така нареќениот Коренич- Неорич од 1595 година кој се чува во загрепската библиотека.
Напочетокот на овој грбовник има 11 земски грба односно „Амблеми на земјите и светите племиња“. Потоа следат 140 семејни грбови на различни војводи, вождови, принцови, витези и други. Меѓу овие е и грбот на Македонија на страна 6. Под грбот пишува „Македонија“ а над него „Цимери македонске земље“. Грбот е Златен исправен крунисан лав на црвено поле. Над штитот има голема царска круна.
Во овој грбовник, грбот на Македонија се јавува двапати, еднаш сам и еднаш во општо словенскиот грб на Цар Душан, кој ја зел титулата Цар Илирски кој владеел со 9 територии, Македонија, Босна, Далмација, Хрватска, Приморје, Славонија, Бугарија, Србија и Рашка, заедно со 14о вазали чии грбови се вклучени во овој грбовник.
Општиот грб се состои од различни земски грбови ставени на заеднички штит, со македонскиот грб на првото хералдичко поле.
Грбот на Македонија може да се најде и во други извори кои се чуваат во библиотеки и архиви во странство. Ќе споменеме неколку од нив: Грбовникот на Палмич од крајот на 16 век, во Југословенската академија, Мавро Орбини, 1601, Алтанм 1614, универзитетската библиотека во Болоња, Грбовникот од 1620 во музејот на применете уметност во Белград, Марко Скороевич, 1636, Виена;Фојничкиот грбовник, 1675; Оловиот грбовник од 17 век; Патријархот од Карловац од 1741, итн.
Во 1694 година Павле Витезовиќ го променил блазонот на македонскиот земски грб – лавот станал црвен, а штитот златен. Истата промена била зачувана и во подоцните грбовници на Павле Витезовиќ. Христофор Жефаровиќ во преводот на грбовникот на Витезовиќ, именуван како Стематографија и издаден во 1741 година, го дава македонскиот земски грб во верзиjата на Витезовиќ со црвен лав и златен штит.Грбот на Македонија прв пат се појавува во Илирскиот Грбовник од крајот на 16 век. Ова збирка грбови го преставуваат основниот извор

Пронајдете не на следниве мрежи: