Димитар Мечев- Мечето

Димитар Мечев (Велес, 1870 – Солун, 1903) – револуционер гемиџија. Завршил основно образование. Рано влегол во редовите на ТМОРО. Бил близок со Гоце Делчев и со Даме Груев. Се придружил на групата револуционери гемиџии и учествувал во Солунските атентати во 1903 година како еден од најстарите гемиџии…Димитар Мечев (Велес, 1870 – Солун, 1903) – револуционер гемиџија. Завршил основно образование. Рано влегол во редовите на ТМОРО. Бил близок со Гоце Делчев и со Даме Груев. Се придружил на групата револуционери гемиџии и учествувал во Солунските атентати во 1903 година како еден од најстарите гемиџии.
Димитар Мечев е роден во Велес во 1870 година, во сиромашно семјство. Завршил основно образование, а по прераната смрт на татко му почнува да работи за да се прехрани семејството. Детството му исполнето со маки, неправди и грижа за неговата мајка. Уште со самото формирање на Македонската револуционерна организација во Велес, тој се приклучува на Македонската револуционерна организација.
По несупешниот обид да го спроведе налогот на Организацијата, казна за еден од Велешките чорбаџии, Димитар Мечев познат како Димче Мечето се повлекува во илегала. Во текот на една година Мечев како комита талка по планините Баба, Бабуна, Плачковица, за потоа да замине како емигрант во Бугарија. Најчесто работи како минер во рудникот „Перник“.
Бугарскиот револуционер и анархист Славе Мерџанов, кој бил активен член на Македонскиот таен револуционерен комитет од Женева, деец на Македонската револуционерна организација и еден од анархистичките инспиратори на Гемиџиите има голема заслуга за идејното обликување на Димитар Мечев. Во писмото од 23 јуни 1898 година што Мерџанов му го испраќа на својот својот пријател и истомисленик Мечев, тој  меѓудругото ќе напише:
„А што ќе стане ако Европа не се смилува и не го прифати од Македонците започнатото дело? Ние, членовите на Тајниот револуционерен македонски комитет, тргнуваме од сосема други принципи. Ние цениме извојувана, а не подарена слобода. Тоа е нашиот принцип и за неговото остварување ние наоѓаме едно и единствено средство, да креваме револуција и тоа перманентна, додека не дојде погодно време за општонародно востание. Ние сакаме да го издигнеме умствено/и нашиот човек за да знае да ја цени својата самостојност и самоувереност, а тогаш тој ќе биде во состојба со оружје во рака, со својата крв, да ја извојува својата слобода. Ние не велиме дека треба да се скрстат раце и да се чека часот некој да ни ја подари слободата. И кога би се нашол некој таков, тој ќе ја истера османлиската власт, но нема да му даде слобода на македонскиот народ. Тој ќе го замени османлиското ропство со свое. Ние проповедаме дека македонскиот народ треба сам да си ја спечали слободата. А тоа значи на наш македонски јазик да ја подготвува борбата без чија било помош, да умее да ја води успешно, среќно да ја заврши и да знае да се постави откако ќе ја ослободи….
… Дали треба да чекаме помош од нашите соседи: Ние ги познаваме нивните волчји апетити. Нивните шовинистички аспирации и завојувачките стремежи се толку погубни за нас. Сити сме од разните покровителства и милости што не вредат ништо. Бидејќи досега дадовме доста жртви за туѓинските интереси, сметам дека треба да се престане со секакво кокетирање со кој било сосед. Ние веќе ги познаваме добро непријателските методи, зашто нашиот народ носи од нив неизбришливи траги. Нашата цел е јасна. Нашите средства се: ножот, куршумот, огнот и отровот…
… Тоа е платформата за борба на нашиот Македонски таен револуционерен комитет. Со тие наши пароли ќе го запалиме огнот по целата непријателска линија и со громогласни удари со меч ќе го разбиеме спокојниот сон на непријателот… Шири ја нашата идеја како единствена, искрена и корисна за нашиот народ“.
Димитар Мечев многу добро знаел за состојбата во Организацијата, какви се подготовките за востание и со какво вооружување располага населението во Скопскиот и Битолскиот округ. Тој немаше илузии дека со едно востание може да се извојува победа и да се земе политичката власт во свои раце или пак дека со интервенција на големите европски сили  ќе се постигне ослободување. Исто како Гемиџиите, кои беа под силно влијание на анархизмот и рускиот нихилизам, Мечев кој беше разочаран од начинот на водењето на револуционерната борба, единствениот излез за ослободување на Македонија го гледал во терористичките акции и бил подготвен да се жртвува за доброто на татковината.
По доаѓањето во Солун на бугарскиот анархист Славе Мерџанов кон крајот на 1899 година, велешките „Гемиџии“ ја прифаќаат идејата да помогнат да се изврши атентат врз султанот Абдулхамид II,  Отоманската банка и Тутунската компанија во Цариград, со што сакаа да ја предизвикаат Европа да интервенира во корист на христијаните во Отоманската империја. Согледувајќи дека убиството на султанот е нереално, на иницијатива на Јордан Попјорданов – Орце, било одлучено да се крене во воздух и солунскиот огранок на Отоманската банка.
Димитар Мечев кој бил задолжен за достава на потребниот динамит, истиот го испраќал од Софија за Цариград двапати неделно преку 18 годишниот велешанец Милан Саздов. Младиот Милан работел како келнер во вагон – ресторанот во возот кој патувал на линијата Белград – Цариград.  Мечев со часови стравувал да не пострада неискусниот Милан при пренесувањето на пеколниот пакет. Но, Милан кој со радост го исполнувал долгот кон својата татковина, никогаш не бил откриен и пакетот навреме го доставувал во станот на Ана Шепец. По шест месечно копање на тунелите во Цариград и Солун, акцијата била сопрена во 1901 година откако отоманската полиција ги разоткрила нивните намери во Цариград.
Меѓутоа и покрај сите напори на Организацијата да ги попречат Гемиџиите во нивната намера за изведување на атентати во Солун, тие продолжиле со своите активности. Во тоа не успевале ниту блиските пријатели на Мечев, Гоце Делчев и Даме Груев. Гемиџиите успеале да набават 160 килограми динамит, но тоа не било доволно за сите планирани активности. Иако Мечев од Софија заминал за Одрин за да ја крене во воздух зградата во која била сместена  австриската пошта, акцијата била откажана, а за сметка на тоа било одлучено да се извршат уште неколку други атентати во Солун со кои би предизвикале внимание на светската јавност.
По враќањето во Софија, Димитар Мечев како преставник на гемиџиите продолжува со голема ревност да работи на подготовките за спроведување на планираниот Солунски заговор.  Во јануари 1903 година, Димитар Мечев и Павел Шатев доаѓаат во Солун и тогаш почнуваат со копање на нов тунел.  Во март 1903 година тунелот кој водел до банката во Солун бил завршен. Плашејќи се на бидат откриени, бидејќи властите поставувале канализација во близина, тие одлучуваат да дејствуваат веднаш по Велигден. На последниот состанок „Гемиџиите“ ги распределуваат задачите и одлучуваат да загинат од своите експлозии! Останувањето во живот за нив било еднакво на подлост, па затоа најголем дел од Гемиџиите скромно заминуваат во смрт без да се сликаат и без да остават свои фотографии.
Солунските атентати започнуваат на 28 април 1903 година (нов стил). Павел Шатев без жртви го потопува францускиот брод „Гвадалкивир“, а истиот ден, вечерта, Димитар Мечев, Илија Тричков и Милан Арсов го креваат во воздух возот на линијата Солун – Истанбул. Иако локомотивата која наидува од правец на Дедеагач излетува од шините и поголем дел од прозорците на вагоните се искршени, повторно и ова акција поминува без жртви.
Главниот напад бил планиран за 29 април 1903 година.  Вечерта во 20 часот, Константин Кирков го крева во воздух доводот за вода и гас, по што целиот град останува без вода и потонува во темнина. Тоа бил знак да делува Орцето, кој го запалил фитилот и го предупредил семејството на директорот да ја напуштат банката. Десетина минути подоцна зградата на Отоманската банка била крената во возух. Еден од зидовите на банката се срушил на германскиот „Кагел клуб“ каде загинуваат четири лица, меѓу кои бил и германскиот конзул Фор.
Дполнителна паника предизвикуваат другите гемиџии кои фрлаат уште неколку бомби во градот. Милан Арсов фрлил бомба во кафеаната „Алхамбра“, Константин Кирков пред „Гранд хотел“, а Георги Богданов ја крева во воздух кафеаната ,,Ноњо“, Владимир Пингов фрлил бомба пред вратата на турската државна управа, но во престрелката со турскиот аскер бил застрелан. Италијанскиот конзул кој го опишува настанот вели: „тоа беше момент на ужас, луѓето трчаа без да знаат каде одат…“
Димитар Мечев и Илија Тричков се обиделе да го кренат во воздух и главниот резервар во фабриката за осветлување, но биле спречени од чуварот. По неуспешната акција, Тричков активирал една бомба во поштата, а Мечев фрлил две бомби во кафеаната Египет. Откако биле опколени од турската војска и полиција, дошло до целовечерна борба. Мечев и Тричков во текот на борбата, пред да се самоубиат, фрлиле речиси шеесетина бомби.
Во паниката која го зафатила градот, Константин Кирков и Поп Јорданов – Орцето, се враќаат во своите домови. Утрото на 30 април Орцето фрла од прозорецот бомба и така го предизвикува турскиот аскер. Откако завршува со бомбите, тој се покажува пред аскерот и паѓа застрелан. Истиот ден Кирков, оди да ја разнесе солунската пошта. Но, при обид стражата да го претресе тој извадил бомба и пред да ја активира бил прободен со бајонет.
Акциите завршуваат на 1 мај 1903 година, со неуспешен обид да се убие солунскиот валија Хасан Фехми паша, по што Цветко Трајков се самоубива. Единствено Павел Шатев, Ѓеорѓи Богданов, Марко Бошнаков и Милан Арсов биле фатени, уапсени и осудени најпрво на смрт, а подоцна казната им била заменета со доживотен затвор која ќе ја издржуваат во градот Музрук, Северна Африка. Таму умираат Арсов и Бошнаков, а по амнестијата по Малдотурската револуција, во земјата се враќаат само Шатев и Богданов носејќи ги главите на починатите другари.
Во Солунските атентати загинаат Константин Кирков, Јордан Поп Јорданов – Орцето, Владимир Пингов, Илија Трчков, Цветко Трајков и Димитар Мечев – Мечето. Така тие го исполнија својот завет да умрат.Димитар Мечев (Велес, 1870 – Солун, 1903) – револуционер гемиџија. Завршил основно образование. Рано влегол во редовите на ТМОРО. Бил близок

Пронајдете не на следниве мрежи: