Промоција на системот за донирање на облека

Системот за донирање на облека претставува уникатен проект изработен од страна на Асоцијацијата Ајде Македонија и ДСУ „Наум Охридски“-Скопје. Неговите цели се намалување на фрлањето на отпадот од текстил, помагање на лицата од социјално загрозени фамилии и овозможување на лицата со посебни потреби да покажат дека можат многу да допринесат на нашето општество. 
Овој проект ќе им овозможи на граѓаните стариот текстил, посебно стара облека да ја донесат во контејнерот кој е поставен пред училиштето. Со тоа ќе допринесат кон здравата животната средина, подобрување на благосостојбата на социјално загрозените лица и на учениците со посебни потреби кои ќе можат да ни покажат што умеат.
Проектот кои се изведе во координација и директна вклученост на тимот на Ајде Македонија и во соработка со кадарот на училиштетот овозможи учениците со посебни образовни потреби од сите струки целосно да го изработат целиот процес на собирање, преработка и донирање на стариот текстил.
Контејнерот е изработен од машинската струка, градежната струка го бојадиса контејнерот за текстил, графичката струка ги направи флаерите за промоција, додека текстилната струка ќе се грижи за преработка на текстилот за да добие форма која е соодветна за употреба.
Оваа акција се реализира како дел од програмата на Цивика мобилитас имплементирана од МЦЕО (Македонскиот центар за европско образование) „Трансфер на знаење за политиките на ЕУ за намалување на разликите меѓу граѓанските организации од скопскиот и другите плански региони“ (Акроним: TEUCSO)
Овие деца можат да допринесат на нашето општество, да им овозможиме да ни покажат!
Контакт: [email protected]
  
Овој проект ќе им овозможи на граѓаните стариот текстил, посебно стара облека да ја донесат во контејнерот кој е поставен пред

Пронајдете не на следниве мрежи: