Најдобрите производи од SONY претставени на CES 2016

Sony ја претстави најновата линија на производи за 2016, на меѓународниот саем за потрошувачка електроника CES кој се одржа на 6 јануари во Лас Вегас, Невада.На прес конференцијата која се одржа еден ден претходно, Претседателот на Sony Казуо Хираи изјави, “Од изборот што го правиме за диференцијација и уникатност, до љубопитноста која што ја придвижува нашата страст да им излеземе во пресрет на предизвиците, до нашата посветеност за овозможување на креативноста, јасно е дека филозофските и стратешки темели се на вистинското место за да продолжиме да градиме една компанија која е посилна, подобра и попрофитабилна. Kandо останува да биде централен фокус и цел на нашиот бизнис.”

Претседателот на Sony Electronics, Мајкл Фасуло ги најави производите на Sony кои ќе излезат во текот на следната година како што се новите Sony 4K BRAVIA телевизори, се поширокиот асортиман на аудио производи коишто нудат различни начини за да се ужива во музиката, камерите кои што овозможуваат да се доловат сите оние моменти кои лесно се пропуштаат но и да се сочуваат сите спомени, како и производи од Life Space UX серијата коишто совршено се вклопуваат во животниот простор.

4K BRAVIA ТЕЛЕВИЗОРИ
Sony ќе продолжи со создавање на се пореалистична слика преку спојување на технологиите за одличен 4K квалитет заедно со HDR (Високо Динамичен Опсег), којшто во последно време добива на внимание како нова технологија и драматично го проширува опсегот на визуелниот израз, со повеќе светлина, поголем контраст и поживи бои. Започнувајќи оваа година, Sony ќе ги обележи своите BRAVIA телевизори како целосно способни да ја искористат 4K HDR содржината со ново “4K HDR” лого, со цел јасно да им прикаже на потрошувачите дека овие телевизори се дел од следната генерација на исклучителни визуелни искуства.
Новата X93D серија на BRAVIA 4K LCD телевизори е опремена со најновата Slim Backlight Drive™ технологија која што овозможува сосема ново ниво на квалитет на сликата овозможувајќи најдобар квалитет на 4K HDR содржината. Во комбинација со X-tended Dynamic Range™ PRO технологијата за подобрување на контрастот, како и широкиот опсег на бои на TRILUMINOS™ Display технологијата овозможуваат повисоки светли тонови, подлабоки црни тонови и поживи бои.
Комбинацијата на овие три технологии целосно го отклучува потенцијалот на 4K HDR содржината, додека дизајнот е уште потенок. Кога ќе поставите на ѕид некој од телевизорите од X93D серијата тие буквално ќе се стопат со него. На својот штанд, Sony исто така презентираше една од технологиите за следната генерација – Backlight Master Drive. Оваа технологија ја подобрува светлината и контрастот со цел уште повеќе да го искористи потенцијалот на 4K HDR.
Демонстрацијата на Backlight Master Drive вклучуваше 85-инчен прототип којшто остварува прецизно заднинско осветлување со директно ЛЕД заднинско осветлување со висока густина. Во комбинација со X-tended Dynamic Range PRO, оваа технологија остварува досега невиден динамичен опсег, драматично подобрувајќи ја визуелната длабочина и реализам.
Освен ова, на прес конференцијата Sony ја претстави ULTRA, новата апликација од Sony Pictures Home Entertainment која ќе биде лансирана оваа година во САД каде што ќе може да се купат и да се стримуваат 4K HDR филмови и ТВ серии – најдобрите нови и класични филмови од 4K дигиталната библиотека на Sony Pictures директно на вашиот Sony BRAVIA телевизор.

АУДИО
Три нови производи ќе и се приклучат на h.ear™ серијата, кои не само што продуцираат неверојатно јасен звук во висока резолуција, туку се истовремено и забележителна модна појава. “h.ear go” е подвижен безжичен звучник којшто лесно се пренесува, “h.ear on Wireless NC” и “h.ear in Wireless” се безжични слушалки коишто го дополнуваат асортиманот на досегашните. Со новите производи, h.ear е поподвижен од кога било со истиот квалитет на звукот и впечатливи бои кои може да ги одберете според сопствениот стил.

Како дополнение на понудата за звук во висока резолуција. Sony претстави нови производи од EXTRA BASS (XB) линијата кои овозможуваат моќен, резонантен звук како MDR-XB650BT слушалките, SRS-XB3 и SRS-XB2 безжичните звучници, и GTK-XB7 аудио систем со висока моќност. Овие производи ќе ве транспортираат во некој ноќен клуб или музички фестивал, овозможувајќи ви да уживате во неверојатниот бас каде и да сте.

 
И двете линии на производи се дизајнирани да ви дадат чувство како да се наоѓате таму колку што е можно поуверливо, од суптилното дишење на уметникот до моќниот звук на настап во живо на сцена. Компанијата ќе продолжи да ги збогатува овие линии со нови производи кои ќе одговорат на потребите на љубителите на музиката ширум светот кои имаат се поразличен стил на слушање и музички вкусови.

ВИДЕО КАМЕРИ
Новата FDR-AX53 4K Handycam® камера како во поглед на слика, така и на звук е голем чекор напред. Освен со ZEISS® објективите со 20х оптички зум и високо чувствителниот сензор за слика со 1,6 пати поголем број на пиксели за разлика од сегашниот 4K модел, FDR-AX53 исто така има Balanced Optical SteadyShot™ технологија која ја намалува заматеноста без разлика на начинот на снимање, како од поширок агол, така и одблиску, и овозможува снимање на јасна слика во висока 4K резолуција дури и кога се снима од поголема оддалеченост. Моделот е опремен со нов Fast Intelligent автофокус и има нова структура на микрофонот кој снима висококвалитен стерео звук и верно го доловува оригиналниот звук.
Новата HDR-CX675 HD камера е опремена со Balanced Optical SteadyShot технологија и Intelligent Active подесување кое дозволува стабилизација на сликата по 5-оски дури и кога трчате. HDR-CX675 и полесниот и покомпактен HDR-CX455 доаѓаат опремени со Fast Intelligent автофокус. Моделот HDR-CX455 исто така има и 5.1 channel стерео микрофон којшто го олеснува снимањето во висока дефиниција, со јасна слика и звук, било каде и било кога.
Новата линија на акциони камери од Sony, опремена со SteadyShot ќе биде освежена со новиот модел HDR-AS50R, кој доаѓа со далечински управувач за преглед во живо. Овој далечински управувач кој сега има нови интуитивни контроли ќе им даде на корисниците целосна контрола на акционата камера од далечина, вклучувајќи ги и функциите за вклучување и исклучување.
Новите опции во овој модел го вклучуваат и 4K time-lapse ефектот добиен со спојување на последователни слики фотографирани од камерата во фиксни интервали и софтвер како Action Cam Movie Creator ver. 5.1 и понова, како и можности за снимање под вода на длабочина до 60 метри со маска за под вода која е вклучена со самиот производ. Сѐ на сѐ, оваа нова акциона камера ќе го направи снимањето на видео со висок квалитет и зачувувањето на спомените од спортските и рекреативните активности подобро од кога и да било претходно.

Life Space UX
Иновативната Life Space UX линија на производи од Sony целосно го менува начинот на којшто комуницирате со физичкиот простор и на којшто ја доживувате забавата. Во Јапонија веќе е достапен звучникот во форма на LED сијаличка, којшто треба само да ги приклучите и да уживате во музиката безжично било каде во вашиот дом. Овој звучник во САД ќе биде достапен во првата половина на 2016 година.
Освен тоа ќе биде пласиран и коцкастиот подвижен Ultra Short Throw проектор, опремен со звучници и батерија. Овој проектор може да проектира слика со големина од 22 до 80 инчи на ѕид, маса или било кој друг прилагоден простор. Како за крај, Sony го најави и Glass Sound звучникот, којшто го исполнува секој агол од вашиот дом со кристално чист звук преку органското стакло во форма на цевка коешто го обвива изворот на ЛЕД и ја капе собата во топол сјај кој се вклопува одлично со било кој ентериер. Овие производи ќе бидат достапни во Јапонија и САД веќе во првата половина од оваа година.На прес конференцијата која се одржа еден ден претходно, Претседателот на Sony Казуо Хираи изјави, “Од изборот што го правиме за диференцијац

Пронајдете не на следниве мрежи: