Провокативна серија за дрогата што дава супермоќи

Се прашувате какво е чувството да користите 100% од мозокот? Дознајте во серијата Без граници (Limitless) во која Брајан Финч (Џејк Мекдорман) ги согледува предностите и маните на „паметната дрога“. Брајан е попаметен отколку што ние некогаш ќе бидеме, ги користи сите достапни мозочни клетки, има целосен пристап до сите сеќавања, но со неговиот ум пристигнуваат и неволи. Кога некој ќе го убие неговиот пријател што му ја дал неверојатната дрога, тој станува главна мета на детективката на ФБИ (Џенифер Карпентер, Декстер) која е убедена дека токму тој е убиецот.Дванаесет епизоди од новата напната акциона серија Без граници (Limitless) се пред вас, а тринаесеттата пристигнува на Pickbox на 20 јануари, 24 часа по прикажувањето во Америка.
Бредли Купер во улога на извршен продуцент
Ако го сакате Бредли Купер, има добри шанси дека сте го гледале филмот Без граници. Ако го сакавте филмот, ќе ја сакате и напнатата акциона криминалистичка серија чиј извршен продуцент е Купер, а се појавува и во улога на сенатор кој на младиот Брајан во еден миг ќе му помогне.
Дали сте слушнале за шармантниот Мекдорман?
Ако не, сега ќе слушнете…
29-годишниот Џејк Мекдорман неодоливо потсетува на младиот Купер, а неговата прва забележана улога беше во Greek (Братства и сестринства), се појавуваше во сериите Бесрамници (Shameless), Manhattan Love Story и во Американски снајпер во кој играше и Купер. За улогата на Брајан Финч, кој зема дрога од црниот пазар, го препорача токму Бредли Купер.
Богат и возбудлив јануари со 19 премиери
Со 19 премиерни серии, освен специјалната епизода на Шерлок, ЦСИ: Кибер и Државна секретарка (Madam Secretary), понудата на Pickbox ќе ја надополнат Сплетки на 15.1. и Billions (Милијарди), моментално најсилната шоутајм серија со повеќекратно наградуваните актери Пол Џијамати и Дамјан Луис (Homeland) во главните улоги.Дванаесет епизоди од новата напната акциона серија Без граници (Limitless) се пред вас, а тринаесеттата пристигнува на

Пронајдете не на следниве мрежи: