Продажбата на нови возила на „Форд“ во Европа порасна за 11% во 2015 г.

Продажбата на нови возила на „Форд“  во Европа порасна за 11% во 2015 г.Продажбата на компанијата „Форд“ (Ford) се зголеми за 11 проценти во 2015 г. и со тоа таа стана европски бренд број 1 за комерцијални возила во последната година што е за првпат во 18 години.
„Форд“ (Ford) продаде вкупно 1,3 милиони возила на 20-те традиционални европски пазари минатата година. Фордовиот удел на пазарот е зголемен од 0.1 процентен поен во 2015 г. на 8.0 проценти, одбележувајќи ја втората година на Форд по ред со раст во Европа.
Низ сите 50 европски пазари, „Форд“ (Ford) продаде 1,5 милиони примероци, што е до 10 проценти, правејќи го пазарниот удел на „Форд“ (Ford) од 0.5 на 7.7 процентни поени.
“Во 2015 г. ние на нашите клиенти им покажавме поемотивна, поенергична и растечка визија за „Форд“ (Ford) со автомобилите како новиот модел на „Mustang“ и „Mondeo Vignale“, и сме подготвени за возбудлива 2016 г. со возилата како новите „Edge SUV“ и возилото со високи перформанси „RS Focus“,“ – изјави Џим Фарли, претседател и генерален извршен директор на Форд Европа.
“Посебно сме горди што нашите клиенти за комерцијални возила придонесоа Форд да стане бренд број 1 за комерцијални возила. Продолжуваме да растеме и да ги опслужуваме нашите клиенти во 2016 г., вклучувајќи ги во понудата нашите најпродавани „Transit“и „Transit Custom “ со сосема нови мотори и нови технологии.“
Продажбата на комерцијални возила на „Форд“ порасна за 23 проценти минатата година со пораст на побарувачката за новата проширена линија „ Transit “ и пик-ап моделот „ Ranger “.Пазарниот удел порасна од 1.2 проценти до водечки процент во индустријата од 12.6 проценти (Европа 20).
За вкупната продажба на возила, 2015 год. беше најуспешната година после 2011- тата. За продажбата на комерцијални возила беше најдобрата година после 2007-та.
Продажни канали
Продажбата на „Форд“ (Ford) со повисока вредност на пазарот на мало и на службени возила, изнесува 74 отсто од својата продажба на автомобили во 2015 година, што е за 3 процентни поени подобра од просекот во оваа индустрија.
Сериски микс
Продажбата на „Титаниум“ (високата серија) на патнички автомобили се искачи на 7 проценти во просек од година во година. Продажбата на високата серија се движи од 78 проценти за S-MAX до 27 проценти за Fiesta. Ranger Wildtrack – највисоката серија на моделот – се покачи од 25 на 34 проценти од вкупната продажба на „ Ranger “ за минатата година.
Најголемите успеси на возилата
Продажбата на новото „мондео“ (Mondeo) порасна за 75 проценти лани во споредба со 2014 година.
Со продажба од 311.700 парчиња, „ Fiesta “ се очекува да биде број 1, најпродаваното мало возило во Европа и број 2 меѓу сите најпродавани возила, веќе четврта година по ред.
Продажбата на теренците, или возилата SUV, на „Форд“ порасна за 31 процент. Продажбата на „ Kuga “ порасна до 19 проценти со 102.800 парчиња минатата година, што е најголема годишна количина уште од првата генерација на возилото, кое беше лансирано во 2008 г. Продажбата на „EcoSport “ компактниот SUV минатата година се зголеми за повеќе од три пати.
Продажбата на автомобилите „форд“ со високи перформанси, меѓу кои се „ Fiesta ST “ „ Focus ST “, „ Focus ST diesel “ и новиот „ Mustang “ – пораснаа до 62 проценти во 2015 г. (Европа 20). Продажбата на „ Focus ST “ – кој беше лансиран во 2015 г. – изнесуваше 12.200 парчиња, 47 проценти од кои за првпат беше понудена дизел варијанта во моделот „ Focus ST“ . Повеќе од 13,000 потрошувачи до денес го имаат нарачано новиот „ Ford Mustang “ кој беше пуштен во продажба во Европа минатото лето за првпат во 51-годишната историја на култниот автомобил; 4.700 парчиња од 13.000 беа продадени во 2015 год.
Продажбата на палетата комерцијални возила на „Transit“ порасна за 24 проценти со 233.000 парчиња. Згора на тоа, со продажба од 27.300 парчиња, „Ford Ranger“ постана број 1 пик-ап во Европа минатата година.
Декемвриски продажби
Продажбата на „Форд“ (Ford) во декември порасна до 22 проценти на традиционалните 20 европски пазари на „Форд“ и достигна до 13 проценти на сите 50 европски пазари. Пазарниот удел на 20-те европски пазари на „Форд“ се зголеми од 0,5 проценти до 7,7 проценти во декември, додека уделот на 50-те европски пазари се покачи од 0,8 процентни поени до 7,8 проценти.
Очекувања за 2016 година
“Очекуваме одлични постигнувања од нашите теренци (SUV) во 2016 г., бидејќи наскоро ќе имаме комплетна палета на возила во овој динамичен сегмент во раст,“ – изјави Ролант де Вард, потпретседател на маркетинг, продажба и сервис на „Форд Европа“. „Не очекува цела година со подобрениот „ EcoSport “, потполно новиот „Edge“ ни доаѓа кон половината на 2016 г., а исто така и нашата популарна „ Kuga “. Низ главните европски пазари, очекуваме да ја надминеме продажбата од 200.000
теренски возила за првпат во историјата на „Форд“ во Европа – ова е раст од повеќе од 30 проценти во 2015 г.“
„Исто така предвидуваме дека 2016 г. ќе биде рекордна во продажбата на возилата со високи перформанси меѓу кои цела година во продажба ќе бидат „Focus ST“ и „ST Дизел“, непрекинатата голема продажба на „Fiesta ST“, ќе пристигне новиот „Focus RS“ и не очекува цела година продажба на „Mustang“ низ цела Европа.“
Сè на сè, „Форд“ ќе лансира осум нови или надградени модели на возила во Европа во 2016 г., еден повеќе за разлика од 2015 г. кога повеќе од 50 проценти од палетата продавани модели на „Форд“ беше освежена.Продажбата на компанијата „Форд“ (Ford) се зголеми за 11 проценти во 2015 г. и со тоа таа стана европски бренд број 1 за комерција

Пронајдете не на следниве мрежи: