МАРнет најостро ги демантира тврдењата на дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски

МАРнет најостро ги демантира тврдењата на дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација господинот Александар Кирацовски изнесени на вчерашната прес конференција.МАРнет веќе пет години функционира како самостојна јавна установа без ниту една дамка на своето работење и претставува лидер во регионот за електронска односно online регистрација на национален домен.
Според европските директиви за либерализација на пазарот на национални домени, од 1 Април 2014 година согласно Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен и врвниот македонски .МКД домен, МАРнет НЕ ВРШИ РЕГИСТРАЦИЈА НА ДОМЕНИ, а правото за регистрација на домени МАРнет го пренесе на приватни регистрари. Меѓусебните права и обврски на МАРнет и регистрарите се регулирани односно утврдени со договор.
Регистрарите имаат целосно овластување самостојно да извршат регистрација на домен кој што е слободен во моментот на регистрација односно не е зафатен. Регистрацијата на домените Регистрарите ја вршат без претходно одобрување од страна на МАРнет односно МАРнет нема никаков пристап при самиот процес на регистрација на домен кој што го врши Регистрарот, а аналогно на тоа не може да даде ниту пак дава какво било одобрување за регистрацијата на одреден домен.
Господинот Кирацовски обвинува дека МАРнет овозможил кражба што претставува сериозна клевета врз институцијата. Во функција на дополнителен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација господинот Кирацовски е должен да биде целосно запознаен со начинот на работа и функционирање на МАРнет и процесот на регистрација на домен пред да изнесе невистинити тврдења кои го нарушуваат угледот на институцијата.
Ја известуваме јавноста дека во случај на каков било проблем во врска со регистрација на .mk домен треба да се обратат кај Регистрарот кој е одговорен за регистрацијата на доменот, затоа што како што кажавме на почетокот на ова Соопштение МАРнет од 1 Април 2014 година НЕ РЕГИСТРИРА .МК ДОМЕНИМАРнет веќе пет години функционира како самостојна јавна установа без ниту една дамка на своето работење и претставува лидер во регионот за електро

Пронајдете не на следниве мрежи: