Започна новогодишната прослава во Скопје: Дедо Мраз се симна од Триумфална Порта „Македонија“ и израдува илјадници деца

Сончевиот последен ден од оваа година започна со многу детски насмевки, песни и разиграна претновогодишна атмосфера на плоштадот Македонија во Скопје.Новогодишната прослава започна со Дедо Мраз во 11:40 часот со театарска претстава за најмалите, а во 12 часот Дедо Мраз се спушти од од Триумфалната порта „Македонија“ и патуваше низ плоштадот со пајтон и вовче.
Илјадници дечиња заедно со своите родители уживаа во другарувањето со Дедо Мраз и со насмевки на лицата се радуваа на декемвриското сонце.
Програмата која и оваа година ја организира Град Скопје е спонзорирана од Skopje City Mall, продолжи со концерт на Златно Славејче.
Новогодишната прослава започна со Дедо Мраз во 11:40 часот со театарска претстава за најмалите, а во 12 часот Дедо Мраз се спушти од од Триумфалнат

Пронајдете не на следниве мрежи: