Како се копа злато вредно милиони? Следете „Златната треска“ на Дискавери

Дискавери новата година ја започнува со златната сезона на серијалите кои ја следат потрагата за злато, било да се работи за класично ископување во рудник или пак трагање по злато на морското дно. Очигледно е дека златото има посебна моќ над луѓето ширум светот, бидејќи програмот за златната сезона е меѓу најгледаните на Дискавери. Серијалите „Јагма за злато“ и „Ловци на злато“ ќе го пробудат сјајот во очите на гледачите, а можеби некои ќе ги поттикне да си ја пробаат среќата во сопствената потрага за злато. ЈАГМА ЗА ЗЛАТО
„Јагма за злато“ е водечки серијал по гледаност на Дискавери а премиерата на шестата сезона ќе ја има на 5 јануари во 21 часот.
Минатата година Тод Хофман стана од пепелта и го спаси својот тип од банкрот. Оваа сезона поседува богата земја, искусен тим и е во позиција да се надева на добро. Но, Тод е голем сонувач, а оваа година дури и неговиот тим е запрепастен од неверојатните цели кој ги поставува за крајот на сезоната. По прв пат заедно ќе работат три генерации на семејството Хофман, вклучувајќи го 16 годишниот син на Тод. Единствено што му стои на патот на Тое е неговото его. Можи ли да се контролира или конечно ќе му даде шанса на младиот Паркер да заработи пари?
Во меѓувреме Паркер има многу работа. Минатата сезона ископа злато во вредност од 3 милиони долари, но тој успех си имаше своја цена ако се земи во предвид дека тимот е воздржан под водството на толку млад шеф. Паркер полни 21 година и сега на потешкиот начин осознава дека успешноста на минатата нема врска со успехот на новата сезона во потрагата за злато. Ќе биде присилен да се сети на сè што го научил неговиот сакан дедо Џон и да избегне катастрофа. Паркер оваа сезона ќе мора да направи повеќе, не само да пронајде злато, туку и да научи да биде лидер.
Тони Битс, наречен Викинг е легенда на Клондајк. Како што се наближуваше крајот на зимата, Тони ја оствари својата цел од милион долари и тоа со помош на 75 години стар багер. Оваа година мора да оспособи и машина која нема работено повеќе од 30 години, а се тоа за да може да почне во потрага за злато. Тони сака да докаже дека старинскиот начин на ископување е најдобар.
Шестата сезона е преполна со шокантни преврати надополнета со количини на злато кои го надминуваат се она што до сега го пронашле. А прашањето е…кој добива сè?
,
ЛОВЦИ НА ЗЛАТО
Петата сезона на серијалот „Ловци на злато“ започнува со емитување од 3 јануари во 21 часот на Дискавери каналот, каде ќе имаме шанса да ја проследиме напнатата потрага за злато по морското дно. Зима е во Ном на Алјаска, а копачите се наоѓатт под притисок поголем од било кога. По хаосот кој владееше претходната сезона, нови прописи стапуваат на сила, а тоа значи дека сезоната на рударите е сè пократка. Ќе мора да остварат профит за помалку од месец дена.
За 27 годишната Емили Рајдел ова е навистина возбудлива година. таа собира женски тим за потрага по златото. Ќе и се исплати ли експериментот или ќе се соочи со бунт на Беринговото море? Таа ќе мора да се соочи и со поранешниот партнер, а сега жесток соперник Зек Тенхоф. Ќе можат ли да го остават минатото зад себе?
Во меѓувреме Шон максимално ја користи кратката сезона за остварување на сонот и наоѓање на злато на локација која отсекогаш се сметала за богата.
„Ловци на злато“ ќе не соочат со опасности кои не можеме да ги видиме секој ден и сигурно нема да ни се случат во канцеларија. Како поминуваат деновите, амбициозните трагачи имаат само една опција-наоѓање на златото пред да истече рокот. ЈАГМА ЗА ЗЛАТО
„Јагма за злато“ е водечки серијал по гледаност на Дискавери а премиерата на шестата сезо

Пронајдете не на следниве мрежи: