Органската храна е најдобриот пријател на нашето здравје во овие студени месеци

Скопје (28.12.2015) Ладното време, маглите и загадениот воздух во последно време ги наполнија амбулантите и болниците, најмногу поради паднатиот имунитет на луѓето. Колку и ние да сакаме побрзо да помине зимата и студот, сепак нам ни следат месеци во кои ќе преовладува тмурното и облачно време со студ. За да бидеме подготвени за тоа што ни следи и да бидеме сигурни дека нашиот организам и имунитет ќе можат да се справат со настинките, вирусите и грипот кои демнат токму во претстојните месеци, мора да водиме здрав начин на живот и да внимаваме што внесуваме во нашиот организам.Органските производи се вистински хит во светот, токму поради фактот дека она што го ставаме во нашата уста е најчестата причина за нашата физичка состојба, болестите, дебелината, алергиите и расположението.
Во Македонија расте потрошувачката за здрава храна, а со тоа расте и производството и преработката на органски производи. Оваа година органската храна и производителите на органски производи од Македонија беа вклучена во еден од најпосетените саеми во нашата држава, Агрофуд, каде повеќе од 10 производители ги изложија и продаваа своите производи. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство традиционално, во соработка со Федерацијата на производители на органски производи во Македонија. го организираше 9-тиот „Ден на Органско Производство, кој имаше посетеност од илјадници граѓани кои цел ден доаѓаа во Skopje City Mall и се интересираа, купуваа и дегустираа органски производи.
Главниот слоган на фестивалот кој беше :„Јас бирам здравје, а ти?“ има за цел да ги поттикне граѓаните да размислат какви производи конзумираат и колку изборот на храна влијае на нивното здравје. Целта на слоганот, но и на „Денот на Органско Производство“ беше да се создаде корелација помеѓу двата поима “здравје” и “органско” и користењето на органската храна ќе се разбере како потреба за здрав живот и долгорочна виталност. Кога мислиме за органско производство се мисли на специфично производство на храна, без употреба на пестициди и други хемикалии. Производите добиени на овој начин без сомнение се најздрави, но треба да се консумираат свежи, бидејќи без вештачки средства не можат долго да издржат.

Во главно под органска храна се мисли на овошје и зеленчук, но понекогаш изразот го употребуваме и за храна од животинско потекло (кога животните се одгледани на здрав и природен начин).
За некој продукт да се смета за органска храна, тој мора да се добие со следење на овие правила:
– Производителот мора да поседува сертифакат за органско производство
– Површината на која се одгледува органска храна најмалку две претходни години не смее да биде третирана со недозволени препарати
– Таа површина мора да има јасно означени граници, растенијата да се заштитени од можна контаминација од препаратите кои се користат во сеседните површини
– ГМО е строго е забрането и сè мора да биде во склад со природата. Постојат бројни студии кои даваат различни резултати кога станува збор за хранливата вредност на органската храна. Според резултатите од една студија, во органскиот домат има повеќе витамин Ц за разлика од обичниот домат. Според друга студија, органските јагоди и пченка содржат повеќе антиканцерогени флавониди. Истото важи за сите органски производи.Органските производи се вистински хит во светот, токму поради фактот дека она што го ставаме во нашата уста е најчестата причина за нашата физичка

Пронајдете не на следниве мрежи: