Изложба на слики од Ванчо Јаков во АРТЕ Галерија

 АРТЕ Галерија ја организира дванаесеттата самостојна изложба на истакнатиот академскиот сликар Ванчо Јаков на 15.10.2015 (четврток) со почеток во 19:30 часот во просторот на АРТЕ Галерија. Македонскиот еминентен ликовен уметник Ванчо Јаков е роден на 11.02.1964 година, aФакултетот за Ликовни Уметности во Скопје го завршува во 1987 година  во класата на професорот Родољуб Анастасов.
Изложбата со наслов „Убавините околу нас“ ќе претставува мини ретроспектива на ликовното творештво на авторот, каде ќе бидат претставени околу четириесеттина уметнички дела, при што тематската определба е мошне разновидна, но интересот за пејзажот е најголем, така што главна тема во неговите дела се Македонските пејзажи, житните полиња, старите македонски градби, архитектура односно љубовта кон сопствената  татковина.

Со ова изложба АРТЕ Галерија продолжува со реализација на изложби, со што ќе настојуваме да побудиме внимание кај Македонската публика да не посети и ужива во делата бидејќи тие ни ги претставуваат “Убавините околу нас”.
Македонскиот еминентен ликовен уметник Ванчо Јаков е роден на 11.02.1964 година, aФакултетот за Ликовни Уметности во Скопје го завршува во 198

Пронајдете не на следниве мрежи: