„ #иЈасИмамЦел: Младите со свои заложби и барања за целите за одржлив развој “

Скопје, 09 октомври 2015 – Младинската мрежа Y-PEER Mакедонија поддржана од регионалната канцеларија на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) со работилница за целите за одржлив развој и прес конференција вчера го одбележа крајот на кампањата „Идеите ги споделувам гласно“ . 
 Целта на завршните  настани беше да се претстават активностите кои беа дел од кампањата „Идеите ги споделувам гласно“ која се спроведуваше во рамки на регионалната кампања „Младински глас-Иднината која ја посакувам во Источна Европа и Централна Азија“.  Во рамки на националната кампања беа спроведени различни активности меѓу кои: едукативни претстави со театар на сенки, средби со младински активисти, претставници од институции и подмладоци на политичките партии,одбелжување на Светскиот ден на млади, избор на најдобро дизајнирана младинска разгледница и ред други настани осмислени и реализирани од младите,  поврзани со младинското учество и развојната агенда на Обединетите Нации. Краен продукт на кампањата е документот „Младински препораки за пост-2015“ кој доби поддршка од 47 младински организации и ентитети кои работата за/со млади. Младинските препораки беа предадени на претставник од Министерството за надворешни работи на Р.Македонија и понатаму врачени на македонската делегација пред нејзиното заминување на Генералното Собрание на ООН.
 
На денешниот настан Ирина Јаневска од Y-PEER  Македонија изјави:
“Преку хаштагот #ијасимамцел ги повикуваме сите млади да се вклучат во националната дискусија и на социјалните мрежи, и да се придружат во застапувањето на младинските итнтереси, права и потреби. Следниот предизвик за  процесот по 2015-та година е да се оди подалеку од создавањето на простор за учество за младите- да се осигура дека заложбите на младите ќе се рефлектираат во крајните  резултати. Разговорот со и помеѓу младите за пост-2015 не може, и нема да запре тука. Ова мора да биде само крај на почетокот. “
 
Следните чекори на мрежата се поврзани со понатамошното застапување на младите и нивното учество во, пред се, националните процеси. Од Y-PEER велат и дека ќе го следат дефинирањето на индикаторите преку кои ќе се оценува и набљудува имплементацијата на целите. На прес конференцијата тие изјавија:
 
„ Секоја земја мора да ги приспособи глобалните таргети на својот национален контекст, да постави свои цели кои се дефинирани од локалните приоритети и околности. Ова е потребно да се направи за да се осигура делување позади ветувањата, да се осигура дека таргетите кон кои се обврзуваме се релеватни на локално ниво и дека истите се надоврзуваат на реалните потреби. Во таа насока, ние сме тука да ги застапуваме изработените младински препораки од кои произлегоа три приоритетни области за младите од Македонија: квалитетно образование, подобри можности за вработување и квалитетно образование.“
 
 
***
Регионалната кампања фокусирана на младинското учество во пост-2015 агендата „Младински глас-Идинината која ја посакувам во Источна Европа и Централна Азија“ се лансираше на почетокот на октомври, 2014 година. Целта на кампањата е да осигура дека прашањата кои се поврзани со младите се препознаени во понатамошната развојна агенда, што пак е возможно само со значајно младинско учество. Кампањата е координирана од Регионалната Лидерска Младинска Група составена од неколку младински регионални мрежи/институции во соработка со Младинскиот Кластер во УНФПА EECARO и регионалните канцеларии на УНФПА. Во Македонија оваа кампања ја имплементрира мрежата Y-PEER Македонија со финансиска поддршка од регионалната канцеларија на Фондот за население на Обединетите Нации-УНФПА.
 
Повеќе информации на www.youthpeer.org.mk .
За прашања и коментари обратете се на [email protected] или на 075 367 311(Ирина Јаневска)
 Целта на завршните  настани беше да се претстават активностите кои беа дел од кампањата „Идеите ги споделувам гласно&ldqu

Пронајдете не на следниве мрежи: