Ротари клуб Скопје – Центар донираше средства за реновирање на спортска сала

08.10.2015, Скопје. Пуштена е во употреба спортската сала на училиштето за слепи и слабовидни лица „Димитар Влахов“ од Скопје која во изминатиот период беше целосно реновирана со финансиска помош од Ротари клубот Скопје – Центар. Училиштето „Димитар Влахов“ е единственото училиште во земјата каде повеќе од 50 слепи и деца со оштетен вид стекнуваат основно и средно образование.„Оваа донација е дел од напорите на Ротари клуб Скопје – Центар да даде свој придонес кон градењето на подобро утре за сите, а особено за оние кои имаат најголема потреба како што се децата со посебни потреби. Училиштето „Димитар Влахов“ е институција која прави многу за оспособување на младите кои се слепи или имаат оштетен вид да го стекнат потребното образование и израснат во самостојни и вредни луѓе. Затоа ни претставува особена чест и задоволство што на ваков начин имавме можност да им помогнеме во подобрување на условите во кои децата од ова училиште ќе можат да спортуваат и градат активен животен стил. – изјавија од Ротари клуб Скопје – Центар.
На пуштањето во употреба на спортската сала присуствуваа претставници на Ротари клуб Скопје – Центар и училиштето за слепи „Димитар Влахов“ од Скопје.„Оваа донација е дел од напорите на Ротари клуб Скопје – Центар да даде свој придонес кон градењето на подобро утре за сите, а особено за они

Пронајдете не на следниве мрежи: