Онаму каде соништата се остваруваат

Постои место на кое многу луѓе работат сложно само со една цел, да ја создадат и да ни ја дадат новата ѕвезда на македонското музичко небо. Целата нивна вештина, креативност и знаење се обединети во исполнувањето на оваа благородна задача.Безброј концепти, идеи, предлози, решенија… рој мисли се испреплетуваат во најразлични можни шеми, се разединуваат и одново се обединуваат во милион низи, за да на крајот се добие идеалниот спој.
На ова место кореографите во своите чекори ги пренесуваат емоциите – секое движење е еден збор, секој поглед заменува една нота, секој танц уште недоигран, а веќе копнее за својот аплауз. Големи дизајнерски умови со денови ги обмислуваат најдобрите комбинации на модели, бои, дезени, материјали и текстури коишто ќе го одземат здивот кога ќе се зачекори по сцената. Врвни композитори претураат по џебовите на својата креативност, за да ги пополнат нотните линии со мелодии кои ќе го разгалат и најчуствителното уво, содавајќи дел од вечноста. А, вокалните инструктори пак, се исправени храбро пред задачата да ги измамат надвор од гласните жици гласовите на ангелите, за никогаш да не бидат заборавени.
Телото се подготвува за своето издигнувања во совршеност, и одвнатре, и однадвор. Нутриционистите внимателно го избираат секој плод, секоја состојка, фитнес инструкторите го обликуваат секој мускул исто како големите мајстори што ги вајале своите скулптури, а експертите за шминка и фризура ги создаваат своите најголеми дела работејќи на „човечко платно“.
Постои место, постои ТВ шоу каде се калат новите музички уметници што ќе внесат силн светлост во македонската музика. Не ја пропуштајте можноста да погледнете како е таму со свои очи –во недела на 11 Октомври, во 20.30 часот на Алфа ТВ!Безброј концепти, идеи, предлози, решенија… рој мисли се испреплетуваат во најразлични можни шеми, се разединуваат и одново се обединуваат в

Пронајдете не на следниве мрежи: