Супер С – Нов ненаменски потрошувачки кредит со животно осигурување

Шпаркасе Банка во рамките на своето стратешко партнерство со Винер Лајф ја лансираше новата понуда за ненаменски потрошувачки кредит „Супер С“ со максимален износ до 1.200.000 денари, фиксна каматна стапка за првата година почнувајќи од 5,9% и рок на отплата до 10 години. Новитетот во оваа понуда на ненаменски потрошувачки кредит е дополнителниот осигурителен пакет од Винер Лајф кој вклучува полиса за животно осигурување.„Супер С кредитот е уште еден производ со кој продолжуваме да градиме долгорочен однос на соработка со граѓаните и воедно да им понудиме финансиски решенија кои ќе им овозможат и дополнителна вредност од областа на осигурувањето. Од тие причини креиравме поволна понуда која вклучува животно осигурување во соработка со Винер Лајф.
Стратешкото партнерство со Wienna Insurance Group и поддршката од нашата матична банка Штаермеркише Шпаркасе од Грац, Р. Австрија се голем мотив да развиваме вакви иновативни производи и услуги кои ќе вклучуваат уникатни пакет понуди од банкарскиот и осигурителниот бизнис“, изјави Викторија Јовановска, Директор на Сектор Управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија.
„Винер Лајф ја интензивира својата соработка со Шпаркасе Банка Македонија со цел преку заеднички настапи и производи на граѓаните да им овозможиме услуги со повеќе поволности. Во таа насока е и создавањето на „Супер С“ кредитот кој што во пакет со животна полиса им овозможува максимален износ на кредит до 1.200.000 денари. Ваквите заеднички настапи се добри и од аспект на стимулирање на пазарот и во банкарскиот и во осигурителниот сектор и на тоа се гледа како проширување со новитети и можности за клиентот на едно место да добие цел спектар на различни финансиски услуги“, изјави Дарко Дедиќ, претседател на Управен одбор на Винер Лајф.
Клиентите можат да аплицираат за ненаменскиот потрошувачки кредит „Супер С“ преку експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија, каде можат да се информираат и за полиса за животното осигурување преку Винер Лајф. „Супер С“ кредитот има максимален рок на отплата до 10 години и промотивен период за одобрување без провизија најдоцна до 31ви декември. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти.
Шпаркасе Банка Македонија заедно со останатите банки – ќерки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во 
регионот. Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 билиони
евра, 6.200 вработени, 500 експозитури и регионални центри и 14.000 банкомати опслужува околу 2,4 милиони клиенти во Југоисточна Европа.
Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје е осигурителната компанија за животно осигурување, основана во 2011 година, како дел од осигурителната групација Vienna Insurance Group. Vienna Insurance Group е водечка осигурителна групација во Централна и Источна Европа во која оперираат над 50 осигурителни компании со годишна премија од над 9 милијарди евра. Македонската компанија во својата деловна стратегија се придржува кон строгите и прецизни деловни принципи. Со квалитетните и конкурентски производи, Винер Лајф  на своите клиенти им нуди финансиска сигурност и гарантира целосна безбедност на инвестираните средства.„Супер С кредитот е уште еден производ со кој продолжуваме да градиме долгорочен однос на соработка со граѓаните и воедно да им понудиме

Пронајдете не на следниве мрежи: