Филип Морис ги поддржува плановите на Царината за подобрување на Законот за акцизи

Во врска со вториот работен состанок меѓу Царинската управа и производителите и увозници на тутунски добра, Филип Морис ТКП ја искажува својата поддршка кон Царинската управа во нивните планови за подобрување на системот за акцизи во Македонија и продлабочувањето на соработката меѓу Царинската управа и тутунската индустрија.Коментирајќи на темата, менаџерот за корпоративни прашања на Филип Морис ТКП, Анита Блажевска истакна дека ја ценат иницијативата на Царинската управа за организација на вакви состаноци со индустријата, што е добар пример за транспарентност и вклучување на биснис секторот во законодавниот процес, а со цел измените да бидат практични, разумни, ефективни, но и да обезбедат ефикасност и за администрацијата и за бизнис секторот.
-Акцизите се многу важен извор на приходи за Буџетот на Република Македонија. Во текот на оваа година, акцизите само од тутунските производи сочинуваат речиси 10% од вкупните даночни приходи. Ова укажува на важноста да се има ефективен Закон за акцизи и ефикасно администрирање на акцизите. Ја поздравуваме подготвеноста на Царинската управа да соработува со тутунската индустрија и веќе писмено ги доставивме нашите предлози за одредени важни подобрувања во администрирањетосо акцизите, кои веруваме дека треба да бидат имплементирани во легислативата. Тие вклучуваат, меѓу другото, промена нанастанувањето на акцизниот долг од “подигнување на бандероли” во “пуштање во промет”, што претставува ЕУ-стандард во однос на наплаќањето на акцизите. Спроведувањето на ваквите најдобри практики, кои помагаат во поедноставувањето на административните процеси ќе им овозможат на властите да го зголемат нивниот фокус и ресурси кон ефективен мониторинг и контрола на целиот синџир на снабдување. Ние, од Филип Морис ТКП, сме подготвени да го споделиме нашето глобално искуство со Царинската управа, со цел понатамошен развој и спроведување на најдобрата легислатива за акцизите во Македонија, посочи Блажевска.Коментирајќи на темата, менаџерот за корпоративни прашања на Филип Морис ТКП, Анита Блажевска истакна дека ја ценат иницијативата на Царинската упр

Пронајдете не на следниве мрежи: