Одлуки за подобро функционирање на телата на Македонската Кошаркарска Федерација

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација на одржаната седница донесе одлуки кои ќе придонесат за подобрување на работата и функционирањето на телата и органите на управата.Со одлука на Управниот одбор беше разрешен поранешниот селектор, а Моника Гавриловска, поранешната репрезентативка со меѓународна кариера е назначена за нов Генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација.
Воедно, верифицирани беа одлуките за Здружението на лигаши, што е составено од членките на собранието, со цел да помогне при работењето на жиро сметката, што е блокирана повеќе од 10 години. Со оваа одлука ќе биде избегнато нефункционирањето на ДОО, МКФ Спорт.
На Управниот одбор беа анализирани настапите на Младинските репрезентации што доведе до низа одлуки. Распуштање на Стручните штабови е една од донесените одлука, како и одлука за формирање на тричлени комисии за Младинска кошарка. Машката ќе биде предводена од Душан Боцевски, а женската од Стојна Вангеловска. Претседателите на овие комисии заедно со Спортскиот директор на МКФ, Марковски и избраните селектори со консензуална одлука ќе ги избираат составите на репрезентациите. Управниот одбор се обврза по изработениот елаборат, да оддели посебни средства за оптимизирање на работата со Младинските селекции. Воедно, една од одлуките е да се направи категоризација на спортските објекти каде што ќе се одвиваат натпреварувањата во Младинските лиги.
Управниот одбор го усвои новиот системот на натпреварува во Младинските лиги во сезоната 2016/17, а оваа година во правата фаза од сезоната ќе се оди заедно со досегашниот систем, за во Plej-Ofot да се состанат и го дадат Првакот за 2015/16 година.
Избрани се Комесарите за натпреварувањата, Антонио Угринов за Сениорски лиги, Влатко Владичевски за Младинските, со нивните Технички секретари Горан Трпушевски и Зоран Крстевски.
На Управниот одбор прифатени беа извештаите на Здравствената, Судиската и Регистрациската комисија, за нивната работа во изминатиот тримесечен период, со исклучок на Тренерската којшто не е прифатен заради недоволна активност.
За нов претседател е назначен Борче Даскаловски, Доцент по кошарка на ФФК, кој до идната седница на УО предвидена по поднесувањето на извештајот на Селекторот на сениорите, Марјан Србиновски, ќе го докомплетира составот на тричлената комисија и ќе достави предлог до УО за нов начин на обука на тренерскиот кадар.
На седницата на УО донесена е и одлука за Репрограмирање на долговите што клубовите ги имаат кон МКФ.Со одлука на Управниот одбор беше разрешен поранешниот селектор, а Моника Гавриловска, поранешната репрезентативка со меѓународна кариера е назначе

Пронајдете не на следниве мрежи: