Најсилниот човек во светот денес во Скопје

Милан Стронгмен Јовановиќ  специјален гостин на Health, Fitness & Wellness Expo
 (25.09.2015 година) Од денес, па се до недела во Хотел Александар Палас во Скопје, се одржува HFW Expo, најголемиот интерактивен настан за здравје, фитнес и велнес.
Специјален гостин на отворањето на Health, Fitness & Wellness Expo, е најсилниот човек во светот Милан Стронгмен Јовановиќ
Роден во Ниш, Милан е ретко интересен лик со светски успеси.Поранешен WPA (World Powerlifting Alliance) и GPC (Global Powerlifting Committee) светски шампион во powerlifting и strongman натпреварувач. Деветтократен национален шампион на Србија во powerlifting и две интернационални титули и тоа светски шампион на 2000 WPA во Ланкастер, Пенсилванија, и светски шампион на 2003 WPC во Виена, Австрија.Прв пат се натпреварува како Strongman во 2003-та во неговиот роден град, Ниш, Србија. Огромен успех на интернационално ниво постигнува во 2005-та кога освојува петто место на United Strongman Series Competition. По повреда во 2006-та, храбро се враќа на сцената во 2010-та и тоа со освојување на златна медаља на GPC светското првенство во powerlifting во Прага во RAW категорија, без опрема.
Малку познат факт за Милан е дека е и магистар по електроника. Милан е и колумнист за српски Курир, а неговиот блог на B92 е еден од најчитаните во Србија. Еден од највлијателните Твитерџии во Србија, со 16.300 следбеници.  По повредата во 2006-та, работи и како телохранител во Мајами, Флорида, на неколку холивудски ѕвезди меѓу кои Мики Рурк. Се појавува и во неколку филмови, како „Парада“, „Сестри“ и „Монтевидео,гледаме се!“.
Милан живее во Мајами и е професионален тренер за развој на сила преку најсовремени методи на насочување на клиентите околу исхрана и суплементација.
Според него, тајната на спортскиот успех се крие во вистинската комбинација на три работи: паметна работа, доволно одмор и сон, и правилна исхрана со комплетна суплементација.(25.09.2015 година) Од денес, па се до недела во Хотел Александар Палас во Скопје, се одржува HFW Expo, најголемиот интерактивен настан за здравје,

Пронајдете не на следниве мрежи: