TnT it market со нов продажен салон во Охрид

TnT it market со нов продажен салон во ОхридКомпанијата TnT it market официјално го откри својот нов продажен салон во Охрид. Од 19.09.2015 (сабота) сите потрошувачи веќе можат да го посетат продажниот салон на ул. Партизанска 1/10 каде што ќе пронајдат модерен ИТ центар со огромен избор на квалитетни ИТ производи и компетентно опслужување од професионалната екипа на компанијата. 

Во продажниот салон на TnT it market се нудаат повеќе од 2000 ИТ производи како што се лаптопи, таблети, смартфони, фотоапарати, компјутерска опрема и галантерија од најпознати светски брендови како Lenovo, Acer, HP, Samsung, Apple и многу други. Освен гарантираниот квалитет на производите, од TnT it market изјавуваат, дека, како и до сега ќе продолжат да ги нудат најдобрите цени и стручни совети од ИТ лицата на компанијата. 

„- Отварањето на нашиот нов продажен салон во градот Охрид е уште еден чекор во успешниот пат кој со години го поминуваме. ТнТ ит маркет постои веќе 8 години на македонскиот пазар и за тој период успеавме да се докажеме како компанија која го нуди најдоброто од ИТ светот на своите потрошувачи. Тие освен што се наши клиенти, се и наши пријатели, бидејќи кај нас секогаш можат да најдат одговор на прашањата кои ги имаат. Огромно задоволство ни е тоа што од денес веќе сме присутни и во градот Охрид, каде што ќе озовможиме на сите граѓани пристап до најквалитетните ИТ производи по неодоливи цени.” – изјави Бобан Тотовски – управител на TnT it market.
Тој нагласи дека сите потрошувачи кои од 19-ти септември до 30-ти септември ќе го посетат новиот продажен салон на „TnТ it market“ во Охрид, ќе добијат изненадувачки попуст и многу подароци.

Освен во Охрид „TnТ it market“ има два продажни салони во Скопје, а во иднина се планира проширување на продажната мрежа и во другите градови во Македонија. Сите производи на „TnТ it market“ се достапни и на веб сајтот на компанијата од каде што може да се купат онлајн.Компанијата TnT it market официјално го откри својот нов продажен салон во Охрид. Од 19.09.2015 (сабота) сите потрошувачи веќе можат да го посетат

Пронајдете не на следниве мрежи: