Симона Поповска: „Не можам да си го замислам денот без тренинг“

„Со оглед на тоа што секогаш се водам по мотото * Ако се сака се се може* , мислам и дека го имате одговорот , едноставно не постои изговор кога нешто вистински се сака.“, е мотото на Симона.Твојата работа бара да водиш сметка за својата линија. Дали вежбањето е дел од твоето секојдневние?
– Да, не би можела да си го замислам денот без тренинг, па било и да е само кардио тренинг од 30 мин. Но, не вежбам само поради тоа што сцената од вас бара да бидете во добра форма, едноставно тоа го правам затоа што секој спорт влијае добро врз вашето здравје и самодоверба .
Дали успеваш редовно да тренираш со оглед на честите настапи?
– Со оглед на тоа што секогаш се водам по мотото * Ако се сака се се може*, мислам и дека го имате одговорот, едноставно не постои изговор кога нешто вистински се сака. Така што, кога немате време вашиот дом може да биде вашиот фитнес центар.
Со оглед на тоа што некогаш не стигнуваш на редовен тренинг, дали ги правиш вежбите што ги нуди N+TC апликацијата?
– Тоа е најдоброто нешто што сум го открила, програмата започнав да ја корситам уште пред год, кога беше како личен прирачник за вашиот здрав живот. Мислам дека секој треба да ја има во својот смарт фон, одлични кондициски вежби , бирате каков тренинг сакате, врвни спортисти и видливи резултати, има ли некој кој не би сакал да не ја користи оваа апликација ?

Кој е твојот рецепт за одржување на извонредната линија?
– Тренинг, здрава исхрана и многу вода.
Што сакаш да носиш додека тренираш?
– Хм, се разбира опрема која е наменета за тренинг и која ме прави да се чуствувам комфортно, сепак омилена марка ми е Nike …па најчесто тоа и преферирам …
Кои се твоите омилени места во Скопје за тренинг на отворено?
– Тренинзите повеќе ми се во фитнес центар, но кога е добро времето стазите покрај Кеј. 
Кој е твој омилен начин на рекреација?
– Тренинг,прошетка, читање книги….
Дали повеќе сакаш да вежбаш дома или во фитнес сала?
– Фитнес сала, 50 мин максимално давам се од себе со голема концентрација, а дома сум секогаш поопуштена.
Дали сакаш да разменуваш искуства од вежбањето со други девојки преку N+TC апликацијата?
– Да, интересна опција е што нуди можност за пријателство, баш деновиве контактирав со фитнес инструкторка од Англија, нејзините тактики и начин на тренинг, искуства, совети и сл … Секој совет е добредојден .
Дали мислиш дека N+TC апликацијата може да влијае повеќе девојки и жени да се занимаваат со спорт, со оглед што дека ги олесува условите за вежбање (може да се вежба било каде, бесплатна е…)?
– Апсолутно да, вие имате личен тренер со вас, кога и да поскате и каде и да поскате.
Што може да те мотивира да вежбаш? И има ли нешто што те демотивира?
– Па обично си поставувам цел како сакам да изгледам и резултатите највеќе ме мотивираат, а лоши услови за тренинг и лоша атмосфера страшно ме демотивира.Твојата работа бара да водиш сметка за својата линија. Дали вежбањето е дел од твоето секојдневние?
– Да, не би можел

Пронајдете не на следниве мрежи: