Скопската поинаква приказна продолжува

Скопје деновиве стана центар на креативните индустрии. Почнувајќи од среда, кога и се случи отворањето на Скопје креатива – Фестивалот за креативни индустрии 2015 го посетија креативци од целиот регион.Во текот на изминатите денови презентации и работилници одржаа Изабела Рутковска која се обиде да им ги доближи на сите учесници проектите кој ги реализираат ширум Европа, а кои имаат за цел интервенција во јавниот простор, дизајнерот од Србија – Борут Вилд кој одржа предавање на тема Социјален дизајн, а Inteligent Network Solutions апликацијата Skopje 2 Go за неговата функција за олеснетото функционирање во рамки на градот. 
Интернетот и социјалните мрежи, кои се огромно поле за креативно изразување, беше дел од презентацијата на Драган Варагиќ, а дел од програмата вклучуваше и презентации на Seavus – Едукативниот и развоен центар, кој во своето едукативно портфолио содржи курсеви и обуки одлично скроени за младите креативци и Слободан Јовановиќ, кој го претстави Пактивити проектот за дизајн награди од Србија. 
Вчерашната програма пак вклучуваше презентација за брендингот и неговата улога, на чија тема говореше Марко Миладиновиќ од дизајн студиото Армада(Словенија) и презентација на Јан Бајтлик – најперспективниот полски типограф и графички дизајнер и автор на типографски книги за деца, додека научниот кадар на ФИНКИ презентираа меѓудругото за апликациите за рано идентификување на опасност од природни непогоди. Од регионот гостуваа и организаторите на Тиранската недела на дизајнот кои на учесниците им ги претставија амбициозните дизајн проекти од престолнината на Албанија. Со тајните на модната индустрија не запозна реномираниот моден дизајнер од Скопје Изет Цури. 
Во текот на изминатите три фестивалски вечери беа покажани и анимациите од реномираната полска школа за анимација и филмските остварувања на студенти од Факултетот на драмски уметности.  
Зад нас се настапите на ПМГ Колектив, DJ Зоки бејбе, Канда Коџа и Небојша и Илина Ангеловска, Doesnt Frogs од Бугарија и DJ Ивана Драгшиќи, а денес по 22 часот за дозирање на одлична музика ќе бидат задолжени дечките од Стрит Фм и Меш Радио. Пред нас е богатата викенд програма на работилници на Ласко Џуровски и Марија
Ветероска, а во рамки на програмата има дел посветен на дечињата, кои може да се приклучат, да цртаат и да се забавуваат во рамки на проектите на Јан Бајтлик и Иза Рутковска. Денес и утре исто така не очекуваат презентации и работилници за дигитален маркетинг и стрип, но и од други теми како што е работилницата на Seavus Едукативниот и развоен центар, Мекен Скопје, Пакомак, Охо и други кои можете да ги погледнете на https://skopjekreativa.mk/wp-content/uploads/2015/09/FINAL-PROGRAMA- SKK-2015-16-09-2015.pdfВо текот на изминатите денови презентации и работилници одржаа Изабела Рутковска која се обиде да им ги доближи на сите учесници проектите кој

Пронајдете не на следниве мрежи: