Подобрен статусот на категоријата на граѓани кои до својата 18-та година имале статус на деца без родителска грижа

Комисијата за труд и социјална политика при ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, денес оствари средба со корисниците на проектот Д-10 на Владата на РМ, поконкретно со категоријата на граѓани кои до својата 18-та година имале статус на деца без родители и родителска грижа од Битола на која истите го изразија своето задоволство од мерките на Владата на РМ за подобрување на нивниот статус.Владата на Република Македонија во изминатиот период усвоии и имплементира мерки со кој драстично се подобрува статусот и угледот на децата без родители и лица кој што до својата 18-та година имале статус на дете без родители и родителска грижа. Ако во минатото оваа категорија на граѓани беше ставена на маргините на државниот интерес, со доаѓањето на оваа Влада оваа група на граѓани станува еден од приоритетите во социјалните политики.
Мерките кој што беа спроведени во изминатиот период, несомнено имаа позитивен ефект во подобрување на стандардот и социјалниот статус на лицата што имаат статус надеца без родители вели Никола Кузмановски корисник на мерките од Програмата Д-10 на Владата на РМ.
Програмата се спроведува максимално транспарентно, што овозможи трајно решавање на работниот статус, односно вработување во некоја од државните институции, со што се решава едно важно животно прашање. Преку оваа програма до сега се вработени вкупно 143 лица што до својата 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и родителска грижа.
Мерката за доделување на социјалните станови, која гарантира сигурност и целосно решавање на станбеното прашање е поздравена и прифатена со големо олеснување од страна на оваа категорија на граѓани. Воведена е финансиска поддршка од 24.000 денари месечна парична помош за сите оние кои ќе се запишат на факултет на додипломски и постипломски студии, а притоа не им е решено стамбеното прашање. Додека пак на оние лица кој што запишале факултет, а притоа добиле социјален стан, месечната парична помош изнесува 12.000 денари.
Радува фактот што секоја година се зголемува бројот на запишани студенти. При упис во државните високообразовни институции овие лица се целосно ослободени од партиципација.
Исто така минатата година Владата на Република Македонија започна проект што овозможи обука за компјутерски вештини и англиски јазик на овие лица целосно бесплатно, што овозможува доусовршување и можност за понатамошен напредок и градење на кариера. Со средства обезбедени од буџетот на Владата на Република Македонија, лицата од социјално ранливите категории добија вредносни ваучери од 8.000 денари за набавка на компјутери и таблети.
Со измените на законот, се овозможи користење на правото на еднократна парична помош за оние деца кој што до своето полнолетство биле односно се сместени во некоја установа, оваа помош во минатото изнесуваше 20.000 денари, а денес имаме зголемување од речиси 900% и изнесува 180.000 денари.
Со низата закони, измени на веќе постоечките закони во социјалната сфера, Владата на Република Македонија во изминатиот период усвоии и имплементира мерки со кој драстично се подобрува статусот и угледот на децата од оваа категорија на граѓани.Владата на Република Македонија во изминатиот период усвоии и имплементира мерки со кој драстично се подобрува статусот и угледот на децата бе

Пронајдете не на следниве мрежи: