Извесно е сериското производство на Audi e-tron Quattro концепт автомобилот кој ќе биде претставен на IAA 2015 – автомобилскиот саем во Франкфурт

Електричното возење со Audi е задоволство, а не компромис. Брендот го претставува Audi e-tron Quattro концепт автомобил на меѓународниот автомобилски саем (IAA) во Франкфурт. Спортскиот теренец е првиот голем електричен теренец на брендот и нуди поглед кон идните електрични автомобили на Audi.Audi e tron quattro концептот е дизајниран да биде првиот електричен автомобил во својот сегмент. Тој е комбинација на техничките достигнувања на брендот во поглед на аеродинамичноста и креативните дизајнерски решенија. Значајни аеродинамични зафати можат да се забележат во предниот дел на автомобилот, по страните и во задниот дел, истите придонесуваат за подобар проток на воздух околу автомобилот. CD коефициентот изнесува 0,25, со што забележан е нов рекорд во сегментот на спортско корисни возила.
Тоа придонесува за значително голем опсег, бидејќи автомобилот може да помине повеќе од 500 километри. Студијата е базирана на втората генерација на модуларната надолжна платформа, која обезбедува значителен простор за погонскиот систем, патниците и багажот. Должина на овој концепт е помеѓу онаа на Audi Q5 и Q7. Неговата типична SUV каросерија и купе кабина му даваат на e-tron quattro, концепт автомобилот од Audi, многу динамичен изглед. Ентериерот нуди многу простор за четири лица, а големата литиум- јонска батерија е поставена меѓу оските и под просторот за патници.
Audi го користи своето искуство од електричниот погон на спортски автомобил Audi R8 e- tron. Погонскиот систем кај e-tron quattro, концепт автомобилот од Audi составен е од три електрични мотори – еден на предната оска и два на задната оска.Audi e tron quattro концептот е дизајниран да биде првиот електричен автомобил во својот сегмент. Тој е комбинација на техничките достигнувања

Пронајдете не на следниве мрежи: