Камион со приказни со Француското интернационално училиште

Патување на камионот со приказни е интерактивна претстава и работилница за поттикнување на креативноста кај децата.Француското Интернационално Училиште во партнерство со Францускиот Институт и Националната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, организира неколкудневен книжевен саем за млади „Патување на француската книга“. Во склоп на овој саем е и театарската адаптација на сликовница за деца „Камионот со приказни“.
Во простор од 14 метри квадратни, „Камионот со приказни“ ја претставува сликовницата „Terrible”, приказна за еден волк кој ги малтретира сите вклучувајќи го и своето семејство.
Театарска претстава како адаптација на сликовницата за деца симболично ги поврзува децата, уметникот и просторот. Метафората за креативноста на децата низ претставата е пренесена преку марионети, слики, песни, звуци од хармоника и игри со сенки.
„Камионот со приказни“ беше поставен и во дворот на основното училиште „Димитар Миладинов“, каде во склоп на интерактивната работилница децата самите ја изразува својата креативност, ја продолжуваат приказната, ги надградуваа ликовите.
Француското интернационално училиште, ЕФИС функционира како градинка, оделенска настава од прво до петто одделение а од оваа година започна и предметната настава од петто до деветто одделение. Наставата нуди интернационален едукативен модел, базиран на изучувањето на три јазици: француски, англиски и македонски.Француското Интернационално Училиште во партнерство со Францускиот Институт и Националната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски,&nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: