Acoustic square festival 2015!

И оваа година продолжува четвртото издание на манифестацијата Акустик Сквер Фестивал 2015 на 12 септември (сабота) со почеток од 20.00 часот на летната сцена на платото пред конгресниот центар Александар Македонски, како дел од програмата за култура на Град Скопје.Во рамките на четвртото издание на манифестацијата Акустик Сквер Фестивал, организаторот ЈУ Конгресен Центар Александар Македонски продолжува со поддршка на младите македонски музичари давајќи им шанса не само да го покажат својот талент, туку и да настапат на професионална сцена и своите авторски песни да ги добијат снимани на носач на звук.
Оваа година, благодарение на соработката со две одлични музички школи, Енсо Школо за гитара и Credo Music, како и младиот рок бенд “Kolt”, се осигуривме дека ќе имаме извонредна програма.
Настапувачи оваа година се:
1. Оливер Јаниќиевиќ – гитара
2. Трајче Димов – класична гитара
3. Nervol – две гитари и кахон
4. Оливер Јаниќијевиќ и Кристијан Христов – две гитари
5. Rock Band “Kolt”
6. Credo Band
Додатно кон програмата, како изненадување на публиката се предвидени и специјални гости. Комплетниот фестивал, ке биде професионално снимен на носач на звук со што ќе се документира авторскиот музички потенцијал на младите учесници, што всушност е и една од целите на Акустик Сквер Фестивал.
Секој ќе настапи со неколку свои авторски песни кои ќе бидат снимани на носач на звук со што ќе се документира нивниот авторски музички потенцијал, што е и една од целите на Акустик Сквер Фестивал.
За сите учесници да се чуствуваат добредојдено се погрижи нашиот спонзор, продавницата за музички инструменти „До Ре Ми“. 
Повелете и оваа година на 'Acoustic Square Fest' и со вашето присуство и внимание дајте им кураж на младите музичари. 
Се гледаме во сабота во 20ч!Во рамките на четвртото издание на манифестацијата Акустик Сквер Фестивал, организаторот ЈУ Конгресен Центар Александар Македонски продолжува

Пронајдете не на следниве мрежи: