Би-Би-Си објави статија за уништување на Охридското езеро

Заканата од уништување на Охридското Езеро со претерана урбанизација се најде на страниците на јулското издание на едно од најчитаните печатени списанија за див свет – BBC Wildlife Magazine.   Охридското Езеро е најстарото природно езеро во Европа и едно од најстарите природни езера во светот. Најголемата просечна длабочина му изнесува 155 м, поради што е најдлабоко во Европа и 14то најдлабоко езеро во светот. Со над 200 ендемични видови кои живеат во неговите води, Охридското Езеро е најважниот езерски екосистем на европскиот континент.
И можеби токму поради овој податок, Би-Би-Си како едно од наjрелевантните списанија за див свет, во своето јулско издание објави статија за заканата од уништување на Охридското Езеро. Би-Би-Си списанието за див свет се печати од 1963 година, и оттогаш па наваму објавува стручни и проверени информации за дивиот свет кој ја населува планетата Земја.    
„Балканскиот Галапагос е под закана. Дом на уникатни видови риби и полжави, Охридското Езеро може да пресуши доколку се гради во неговото Блато.“ – објави Би-Би-Си.
Студенчишкото Блато е ризница на уникатна фауна, како и место за мрестење и гнездење на многу видови жив свет кои го чинат уникатниот екосистем на Охридското Езеро. Со новиот ГУП за Охрид 2014-2024 се планира Блатото да се исуши за да се изградат луксузни апартмани, хотел и марина. Со намалувањето/преземањето на површината на Блатото ќе се промени квантитетот и квалитетот на подземните и површинските води, како и неговата основна функција (природен прочистувач на Охридското Езеро) што воедно е најсериозна закана по биолошката разновидност на Блатото како и на самото Езеро.
Поради ова, Охрид ЅОЅ во јуни годинава испрати отворено писмо до градоначалникот на Охрид, г. Никола Бакрачески, кое содржеше Барање за мораториум на спроведувањето на активностите/проектите кои подразбираат намалување, односно преземање на Студенчишко Блато (УБ 17.1). До денес Охрид ЅОЅ нема добиено никаков одговор на барањето.
Помислата дека Охрид и Македонија ќе останат без ова природно богатство е застрашувачка и неприфатлива како за македонската јавност, така и за меѓународната заедница, но изгледа не и за носителите на одлуки кои сè уште веруваат дека со природата може да се пазари.
 Охридското Езеро е најстарото природно езеро во Европа и едно од најстарите природни езера во светот. Најголемата просечна длабочина му и

Пронајдете не на следниве мрежи: