Преку модерни методи и практики – до задоволни пациенти

Две децении успешно работење на полето на стоматологијата во Македонија бележи познатата и реномирана стоматолошката поликлиника „Ѓорѓиоски“ од Скопје. Од почетоците во 1994 година како стоматолошка ординација, а од 2009 година и како стоматолошка поликлиника со ординации за ортодонција, протетика и општа стоматологија, со воведувањето на модерни методи и практики, „Ѓорѓиоски“ прерасна во успешна македонска приказна во овој сегмент на здравството.„Да се биде во тек со постојаните иновации, методи и апарати во стоматологијата бара многу време и големо вложување само со цел да се стигне и овозможи успешно работење во тој домен од медицината. Ние сме горди што нашето учество од 40 години во врвната стоматологија и 20 години сопствена приватна практика ни го овозможува потребното искуство во секојдневната успешна работа“, изјави Д-р Гоце Ѓорѓиоски, специјалист по стоматолошка протетика во стоматолошката поликлиника „Ѓорѓиоски“.
Од „Ѓорѓиоски“ додаваат дека преку акумулираното знаење и неговото аплицирање во секојдневната практика, како и со целосната посветеност на работата, потврдата за успешноста во текот на изминатите 20 години доаѓа со постојаното зголемување на бројот на задоволни пациенти од работењето на Поликлиниката. 
Поликлиниката „Ѓорѓиоски“ има професионален тим од четири доктори: двајца стоматолози – доктори по општа стоматологија и двајца доктори специјалисти и тоа специјалист по стоматолошка протетика и специјалист по ортодонција. Поликлиниката располага и со две ординации, лоцирани во скопските населби Аеродром и Радишани, кои што се опремени со модерна технологија, со најсовремени апарати и со квалитетни материјали од реномирани производители, што влеваат дополнителна гаранција за најквалитетна и најсовремена услуга и, пред се, професионална грижа за оралното здравје на пациентите.„Да се биде во тек со постојаните иновации, методи и апарати во стоматологијата бара многу време и големо вложување само со цел да се ст

Пронајдете не на следниве мрежи: