Отворен ден на Архивите

Отворен ден на АрхивитеСо цел на јавноста да и ја презентираме историјата на македонскиот народ низ документите што се чуваат во депоата на нашите Архиви и во исто време да ја промовираме архивската професија, а по повод националниот празник „2-ри Август- Ден на Републиката“, на 1-ви Август 2015 година во сите Одделенија на Државниот Архив на Република Македонија ќе се организирта манифестацијата „Отворен ден на Архивите“.
На 1-ви Август 2015 година, во терминот од 18 до 22 часот, вратите на Архивите ќе бидат отворени за сите заинтересирани посетители и притоа вработените од Архивот ќе ги информираат посетителите за архивистичката дејност, од холовите на Архивите ќе бидат поставени изложбени поставки, ќе бидат изложени најстарите, најрепрезентативните и најинтересните документи што се чуваат во депоата, а одредени публикации на Државниот Архив на Република Македонија ќе можат да се купат на попуст.
 Со цел на јавноста да и ја презентираме историјата на македонскиот народ низ документите што се чуваат во депоата на нашите Архиви и во исто време

Пронајдете не на следниве мрежи: