Прогласени победниците од конкурсот „Филантропија преку зелени идеи“

На 3-ти јули, во хотел „Queen’s“ во Скопје, здружението за социјални иновации „АРНО“ на завршниот настан од втората фаза од конкурсот „Филантропија преку зелени идеи“ ги прогласи тројцата победници: Жарко Василевски- „Наша Фарма: Едноставно природно и традиционално производство на здрави јајца од кокошки“, Биљана Филиповска- „Прва задруга на потрошувачи на органска храна Наша Добра Земја Доо Скопје“ , Јасминка Пашалиска -Андоновска од „Здружение – Центар за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ – Пехчево кои се избрани како национални победници да ја претставуваат Македонија на регионалниот „Форум за зелени идеи“.„Наша Фарма е прва фарма за производство на еколошки јајца од кокошки во државава која е организирана на традиционален начин, Се наоѓа во општината Ѓорче Петров меѓу Ново Село и Волково. Произведува органски јајца од кокошки и ги дистрибуираме до дома. Во иднина Наша Фарма ќе прерасне во место за посета на нашите клиенти кои освен купување на здрава храна ќе можат и да видат изворно како таа се произведува и колку производството е еколошки, едноставно, природно и самоодржливо “- изјави Жарко Василевски, сопственик на Наша Фарма, дипломиран новинар.
„Наша Добра Земја планира избор на 5-10 мали производители од чисти краеви во Македонија и реализација на обука на производителите за органско производство и постојан мониторинг и проверки, почетен капитал за производството, и договори за откуп на нивните производи. Наша Добра Земја како прва задруга на потрошувачи во Македонија, веќе има свои купувачи за кои имаме голема желба и мотив да обезбедиме што поголем асортиман на органски македонски локални производи, за што подобри цени. еколошки! “ -изјави Биљана Филиповска, Основач и претседател на УО на „Прва задруга на Доколку го реализираме овој проект, ќе има многукратен бенефит – и социјален и потрошувачи на органска храна Наша Добра Земја ДОО Скопје “.
„Нашата „зелена“ идеја е Пилот инсталација за добивање на пелети од отпад од био маса. Пелетите се обновлив извор на енергија и се користат се повеќе и повеќе во инсталацијата да биде користена и за едукација за процесот на производство на пелети и предностите од користење на обновливи извори на енергија.“ -изјави Јасминка Пашалиска – Андоновска од „Здружение – Центар за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ – последните неколку години. Дополнителна вредност на идејата е намерата Пехчево.
Најдобрите идеи ги одбра жирито во состав: Љупка Митриновска (Фонд за иновации и технолошки развој), Методија Миноски (ПроКредит Банка), Игор Славкоски (Милиеуконтакт Македонија) и Ирина Јаневска (АРНО). Идеите беа оценувани според неколку критериуми: изводливост на идејата, позитивно влијание врз локалната локална економија, позитивно влијание врз животната средина, проценка на пазар и развиена финансиска конструкција, како и според аспектите на само-одржливост, план за генерирање на приход и социјалниот импакт на идејата.
Победничките идеи од Македонија понатаму ќе се натрпреваруваат на регионалниот натпревар „Форум за развој на филантропија во Западен Балкан“ кој ќе се одржи во јули во Косово, во конкуренција на победниците од Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Трите идеи кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 долари од фондот на браќата Рокфелер за имплементација на нивните зелени бизнис идеи.

На целодневниот настан кој се одржа на 3ти јули, вкупно 10 финалисти ги претставија своите зелени идеи пред жирито, од кои три беа избрани како победнички. Во овие 10 финалисти се најдоа следните зелени идеи: Жарко Василевски- Наша Фарма: Едноставно природно и традиционално производство на здрави јајца од кокошки; Афродита Мишева- Бар Македонија; Сузана Атанасовска- Еколошки оцет од диви јаболка со заштитена геоографска ознака; „Прва задруга на потрошувачи на органска храна Наша Добра Земја Доо Скопје“ -За мали маргинализирани производители; Сашко Тодоров -Храна на иднината – Фарма за инсекти; „Здружение – Центар за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ – Пехчево “- Пилот инсталација за добивање на пелети од отпад од био маса; Александар Димески – Концентрациона Соларна Електрана; Зоран Трајчевски – Од цвет на цвет – до храна и лек; Ламбуш Шутиноски -Био-туризам во Вевчани; „Институт за одржлив рурален регионален развој-БЕЛА ВИСТА-ИОРРР“- Еко туристички центар Полог-Шара. На конкурсот учествувале вкупно 36 зелени бизнис идеи.
„Задоволни сме како помина целиот конкурс. Овогодинешните финалисти успешно ги презентираа своите идеи и беше предизвик да се одлучи кои да бидат наши национални претставници. Беше предизвик да се изберат победници кои во најголема мера ги опфаќаат елементите на зелената економија и јасно го отсликуваат концептот на одржлив развој кој има импакт во заедниците. И останатите идеи кои пристигнаа на конкурсот беа навистина разновидни и воодушевуваа со своите замисли и проектирани планови за одржлив бизнис: од идеи за еко-туризам, изградба на капацитети за сместување и развој на одредени региони, до фарми за инсекти, црви, производство на малини, биоразградлива саксија– навистина прекрасни зелени идеи кои во себе носат голем потенцијал. Се надеваме дека носителите на сите идеи ќе се охрабрат и понатаму ќе размислуваат за нивна реализација. Исто, се надеваме дека годинава и конечно ќе имаме и македонски победник на регионалниот натпревар“ -изјави Ирина Јаневска, основач и претседател на АРНО.„Наша Фарма е прва фарма за производство на еколошки јајца од кокошки во државава која е организирана на традиционален начин, Се наоѓа во опш

Пронајдете не на следниве мрежи: