SONY ги претстави новите модели на фотоапарати Α7R II, RX100 IV и RX10 II

Моделот А7R II, првиот фотоапарат во светот со 35mm сензор за цела слика со заднинско осветлување.Новиот модел α7R II (ILCE-7RM2) со заменливи објективи, е првиот фотоапарат во светот кој користи Exmor R CMOS сензор за цела слика со заднинско осветлување и висока резолуција, висока чувствителност и побрз автофокус.
Ново развиениот CMOS сензор со заднинско осветлување и резолуција од 42 MP е најнапредниот, најразновиден сензор за целосна слика со највисока резолуција што Sony некогаш го создал. Во минатото, многу фотографи беа приморани да одберат помеѓу висока резолуција и брзина, или пак помеѓу висока резолуција и висока чувствителност кога одбираат фотоапарат. Со иновативниот сензор на новиот α7R II нема потреба од жртвување.
Сензорот со 42.4 MP комбинира дизајн на објективите и анти-рефлективна облога на сензорот за подобра апсорпција на светлината, овозможувајќи помала чувствителност и шум на фотографиите и ISO опсег од 100 до 25600, што се проширува од ISO 50 до 102400. Структурата на сензорот со заднинско осветлување овозможува поголема брзина на пренос и фотографирање во висока резолуција без жртвување на чувствителноста.
Новиот сензор за слика со фокусна рамнина поседува 399 точки за фазна детекција, најшироко АФ покривање во светот на сензорите за цела слика, овозможува 40% побрз фокус за разлика од претходниот модел. Моделот α7R II користи брз хибриден АФ систем за континуирано фотографирање од 5 кадри по секунда со АФ следење. Овој систем функционира одлично со објективите со А- приклучок од Sony кога се поставени на фотоапаратот со LA-EA3 или LA-EA1 адаптер.

Ова е првпат за еден АФ систем на фотоапарат со провидно огледало да постигне одлични перформанси со објективи оригинално дизајнирани за DSLR фотоапарати. Фотоапаратот е опремен со иновативниот оптички стабилизатор со 5 оски преземен од познатиот модел α7 II, дополнително оптимизиран за да поддржи фотографирање во висока резолуција.
Моделот α7R II има нов и подобрен окулар XGA OLED Tru-Finder со двострани асферични објективи кои овозможуваат овој окулар да биде окулар со најголемо зголемување во светот од 0.78x за кристално јасни слики при преглед и прикажување на целата површина на дисплејот. За оние што сакаат да снимаат видео, фотоапаратот овозможува снимање 4K видео (QFHD 3840×2160) во повеќе формати вклучувајќи и супер 35mm без вештачко бирање на пиксели и full-frame формат. Ова е прв фотоапарат со сензор за цела слика во светот кој нуди можност за снимање во 4К видео во самиот фотоапарат.
Новите модели RX100 IV и RX10 II на компактни фотоапарати за професионално фотографско искуство
Освен најновиот модел од алфа серијата, α7R II, Сони денес ги претстави двата најнапредни Cyber-shot камери кои некогаш се појавиле на пазарот, компактниот RX100 IV и моделот RX10 II со висок зум.
Двата нови модели го содржат првиот 1.0 вид на слоевит Exmor RS CMOS сензор во светот со напредна функција на процесирање на сигнали и прикачен DRAM мемориски чип, кои работат заедно да овозможат пет пати побрзо процесирање на податоците за сликата и се одговорни за повеќе функции кои претходно беа достапни само кај неколку видео камери за професионалци.
За прв пат кај фотоапарати наменети за потрошувачи, овие два модели ја имаат можноста да снимаат видео со супер успорено движење дури 40x поспоро од стандардната брзина, овозможувајќи им на корисниците да снимат и прегледуваат видеа со неверојатни детали, резолуција и јасност.
Ултра брзото вчитување на сензорот за слики овозможува многу брзо окинување без дисторзии за снимање на остри, кристално јасни фотографии со широко отворена бленда со ниво на светлина до EV19, што го намалува ефектот за остро фокусирани субјекти и дефокусирани позадини, дури и во услови на слаба осветленост.
Новите RX100 IV и RX10 II модели се првите Cyber-shot камери кои ги нудат предностите на 4K (QFHD 3840×2160) снимањето. Камерите користат целосно пикселно вчитување без вештачко бирање на пиксели со цел да се снимат сите детали со минимално изобличување. Капацитетот за снимање 4K се разликува кај двата фотоапарати, попрофесионалниот RX10 II може да снима 4K видео во проширена должина (до 29 минути во Европа), додека RX100 IV може да снима 4K клипови со должина од околу 5 минути.
Двата нови модели имаат надграден брз интелигентен АФ систем кој им овозможува голема брзина и високо прецизно откривање на контраст на подвижните објекти со помош на алгоритамот од Sony. Алгоритамот во сопственост на Sony им овозможува да го препознаат и фокусираат објектот со едноставно притискање на копчето на блендата, многу поефикасно од претходно.
За полесно поврзување новите модели α7R II, RX100 IV и RX10 II имаат вградено Wi-Fi® и NFC, а за поголеми креативни можности на фотоапаратите, достапни се многу апликации од PlayMemories Camera Apps.
Новите модели на фотоапарати од Sony ќе бидат достапни од ова лето.
Новиот модел α7R II (ILCE-7RM2) со заменливи објективи, е првиот фотоапарат во светот кој користи Exmor R CMOS сензор за цела слика со заднин

Пронајдете не на следниве мрежи: