Македонската алијанса ја промовираше политичката платформа и ги најави планираните активности за одбележување на 20 годишнината од основањето на партијата

Партијата „Македонска Алијанса“ во Прилеп преку прес-конференција ја промовираше својата платформа за активно делување во општеството и ги најави дел од планираните активности за одбележување на 20 години од основањето на партијата.  
Во присуство на своите членови претседателот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, имаше директно обраќање во кое потенцираше за главните цели кон кои се стреми партијата. Тоа се, зачувување на уставното име, заштита и унапредување на Македонскиот национален идентитет, како и грижа за достоинството на Македонците на сите континенти.
„Ние, како Македонска Алијанса имаме изворни принципи на делување, со што заедно со граѓаните чекориме кон остварување на вековните стремежи и идеали на нашите предци. Нашата мисија е целосно поврзување на сите Македонци од светот и создавање на обединета и силна Македонија“ – изјави претседателот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.
Членовите на партијата се поборници уште од самото основање за независна, демократска и модерна татковина – Република Македонија.
„Искрено веруваме дека преку политичко организирање на Македонскиот народ во соседните региони, ќе го зголемиме влијанието и полесно ќе се избориме за унапредување на основните човекови права и демократски слободи за нашите браќа и сестри кои живеат во Албанија, Егејска и Пиринска Македонија“ – додаде Атанасоски.
Атанасоски информираше дека за една недела извршиле  пререгистрација на истата со 1111 потписи од граѓаните кои се и нови членови на Македонската Алијанса. 

Македонската Алијанса во иднина Македонија ја гледа како силна и обединета држава која непрекинато ќе се грижи за вековното Македонско историско наследство и достоинство.
Исто така, на денешната прес конференција, Атанасоски ги промовираше новите модерени веб страни, фејсбук и твитер профили на Македонската Алијанса, www.mkalijansa.org.mk, на кои сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со документите, актите, програмите и активностите на партијата. Промовиран беше личната веб страна на Атанасоски www.georgeatanasoski.mk, која редовно ќе ги следите неговите активности во сите општествени сфери како искрените заложби на Атанасоски за обединета и силна Македонија.
За сите податоци поврзани со Македонската дијаспора, Македонската Алијанса изработи и нов концепт за сајтот Македонско Сонце-www.makedonskosonce.com каде сите информации поврзани со дијаспората ќе бидат брзи и лесно достапни. 
Во присуство на своите членови претседателот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, има

Пронајдете не на следниве мрежи: