Нашиот свет, нашето достоинство, нашата иднина!

Европски денови за развој 2015 (Програма за Идни лидери)
На 3 и 4 јуни ќе се одржи голем настан во Европската комисија за развој со седиште во Брисел на која ќе присуствуваат преку 3000 високи претставници на Европската унија, претседатели на парламенти и држави од целиот свет, како и претставници на меѓународни невладини организации и бизнис секторот. Младите луѓе од целиот свет, на возраст меѓу 21 и 26, се поканети да се приклучат на дебатата за развојната политика и меѓународна соработка. Од 172 апликанти се избрани само 14 Идни лидери кои ќе ги споделат своите ставови и искуства во дебатите на високо ниво на форумот. Ќе се слушне гласот на младите во политичките дискусии кои ќе ја создадат нашата иднина.  

Меѓу кои, претставник од Европа е избран Даниел Михајловски од СОС Детско село – Македонија заедно со уште двајца млади лидери од Германија и Франција. . Тој учествувал во различни проекти и активности во невладини организации, особено во проектот за поддршка за вработување на деца без родители и родителска грижа. На панел дискусијата ќе зборува за невработеноста на младите луѓе во неговата земја и за можностите за создавање на програма за помош на социјално загрозените кои се справуваат со социјалната нееднаквост.
Даниел ќе зборува на панел дискусијата за надминување на бранот на нееднаквоста во приходите: социјално претприемништво. Како иден лидер заедно со останатите избрани млади од цел свет на 27 мај ќе се сретне со Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун каде што ќе се разговара околу подготовката на програмата за млади за по 2015 година.Младите луѓе од целиот свет, на возраст меѓу 21 и 26, се поканети да се приклучат на дебатата за развојната политика и меѓународна сораб

Пронајдете не на следниве мрежи: