Настани со д-р Оз Гинис во Македонија

Балканскиот институт за вера и култура (БИВК) со задоволство го најавува гостувањето на Оз Гинис, еден водечките социолози на религијата денес, од 10-14. мај во Македонија. Д-р Оз Гинис е гостин на БИВК, а за време на посеттата на Македонија, тој ќе одржи неколку предавања поврзани со неговите долгогодишни истражувања во полето на социологијата на религијата. Тоа се теми поврзани со религиските права и воопшто залагањата за подобрување на благосостојбата на човештвото.  
Воедно ќе биде промовирана книгата на Оз Гинис, Животен повик на македонски јазик, во издание на  Издавачката куќа „Метаноја“. Промоцијата на книгата ќе се одржи на 11 мај 2015 година, од 12:00 часот, во литературното кафé „Метаноја“ на улица Максим Горки 19, веднаш до Швајцарската амбасада. 
Централен настан ќе биде неговиот говор на Веритас форумот во четврток на 14. мај 2015 година со почеток во 19:00 часот, во салата „Фросина“ во МКЦ. Темата на предавањето е, „Како верските слободи го прават светот побезбеден за различностите“.Д-р Оз Гинис е гостин на БИВК, а за време на посеттата на Македонија, тој ќе одржи неколку предавања поврзани со неговите долгогодишни истражувања

Пронајдете не на следниве мрежи: