Карпошани се информираа за својот работен стаж

Општина Карпош, денеска, беше дел од  активноста посветена на реформите на пензискиот систем, проект на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Агенција за капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).
 Активноста е наменета за граѓаните и нивните права од пензиското и инвалидското осигурување. Основната цел е граѓаните онлајн да го проверат стажот на осигурување, платите и други податоци, а вработените од институциите преку интерактивен однос со граѓаните, подетално да им ги образложат фактите и правата на секој поединечно.
-Целта на овие отворени денови,  каде што се издаваат податоци за плати и стаж на осигуреникот, е граѓаните да ја подобрат својата информираност и едукација во областа на правата на пензиско и инвалидско осигурување. Сите граѓани кои ќе дојдат пред информативните штандови во Лептокарија, можат да прашаат за одредени права кои произлегуваат од пензиското и инвалидско осигурување – истакна помошник директорот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Трајко Премчески.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, апелираше до сите граѓани да излезат и да ја проверат брзо и лесно својата состојба, односно работниот стаж и платите.
-Сакам да ја поздравам оваа акција и со оглед на тоа што гледам од мојот извештај пропусти во работниот стаж, секој граѓанин треба да си направи ваква проверка и додека има време да се интервенира. Пред се затоа што „животот“ на стопанските субјекти е доста динамичен, односно има фирми кои се затвораат и потоа граѓаните нема да можат да си го остварат своето право. Со тоа нема да може да им биде впишан стажот, иако за нив се платени придонеси за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување. Интересот е голем и сметам дека треба да се реализира оваа активност во секоја Општина, со уште поголема транспарентност за да можат што повеќе граѓани да си го проверат својот работен стаж и да се информираат –посочи Јакимовски .
Активноста именувана како „Ден за вас“, со информативни штандови е изложена денеска во Т.Ц. Лептокарија-Карпош 3, која започна од 11 часот и ќе трае се до 14 часот. Реализацијата на проектот започна на 20 септември 2014 година и ќе продолжи да се презентира во сите општини во Република Македонија.Активноста е наменета за граѓаните и нивните права од пензиското и инвалидското осигурување. Основната цел е граѓаните онлајн да го прове

Пронајдете не на следниве мрежи: