ОКТА донираше противпожарна опрема за општина Илинден

Општина Илинден доби противпожарна опрема од компанијата ОКТА која што ќе ја користиДоброволното противпожарно друштво на општината, што се состои од противпожарно возило и друга дополнителнаопрема(пумпи, ПП скала, црева,разни типови на млазници,разделници,собирници и др.)„Долгогодишната соработката со општината е важен дел од општествено одговорнoтоделување на ОКТА. Со оваа донација ќе иовозможиме на општината да биде подготвена самостојно да интервенира во случај на потреба. Сигурни сме дека нашата поддршка ќе продолжи и понатаму во остварувањена заеднички проекти”, изјави Јанис Геруланос, главен извршен директор на ОКТА.
Покрај донираната опрема, противпожарната единицата одсекторот здравје, безбедност и животна средина на ОКТА ќе ги обучи припадниците на противпожарното друштво за соодветно ракување со опремата. 
„Донираната противпожарна опрема ќе ни овозможи поголема контрола и мобилност при услови на природни непогоди идругинесреќи. Оваа донација е од големо значење бидејќи имаме истовремено и опрема и обука што ќе ни го олесни практичното користење на донацијата. На овој начин заштедуваме и значителни финансиски средства. Големо е нашето задоволство што ја продолжуваме успешната соработка со компанијата ОКТА во која гледаме свој партнер и пријател на долги релации“, изјави Жика Стојановски, Градоначалник на Општина Илинден.
Противпожарната опрема треба да помогне во одржувањето и зголемувањето на ефикасноста во случаи со справувањето со пожар,појава на елементарни или природни непогоди,како и други несреќи.
„Долгогодишната соработката со општината е важен дел од општествено одговорнoтоделување на ОКТА. Со оваа донација ќе ио

Пронајдете не на следниве мрежи: