Конечно и кај нас „ВРВЕН КОМУНИКАТОР“ најбараната тренинг програма во светот за развивање и усовршување на деловните комуникациски вештини

На 27 и 28 мај, во конференциската сала на хотелот Солун во Центраот на Скопје, ќе се одржи првиот отворен тренинг за интерперсонална бизнис комуникација – Врвен Комуникатор, во целосна организација на Momentis coaching & development.Тренингот претставува акредитиран производ на водечката тренинг асоцијација Персона Глобал. Се одржува веќе триесет години, во повеќе од 71 земја во светот и низ него поминале преку 1 400 000 учесници од наjголемите интернацинални компании .
Интересот за “Врвен комуникатор” е континуиран и секогаш голем поради неговата прецизна структура која води до мерливи резултати како и методологијата која не само што учи, туку преку индивидуална студија, придонесува во усовршувањето на комуникациските вештини на секој учесник.
“Фактот дека организациите и компаниите од различни дејности ја препознаваат комуникацијата како основна корпоративна стратегија, го профилира тренингот во неопходна деловна алатка, корисна за професионалци од секаков калибар.
Независно од кој деловен сектор произлегува учесникот и дали е од редовите на средниот или високиот менаџмент, “Врвен комуникатор” му овозможува на секој одделно да се стекне со знаења и вештини за остварување на ефективна комуникација и долгорочни бизнис врски“, изјави Александра Шаровиќ Атанасовска, од Моментис.
За првиот отворен тренинг “Врвен Комуникатор” во Скопје, во улога на тренер, специјално од Белград доаѓа Драгана Милетиќ – HR консултант, професионален коуч и сертифициран ''Persona Global'' тренер, со седумгодишно искуство во областа на развој на човечките ресурси.
Во рамки на тренингот, покрај практично знаење и новостекнати вештини, секој учесник добива и детален план за натамошна комуникациска стратегија, како и пристап до посебна мобилна апликација од Google PlayStore или AppStore. Оваа апликација на учесниците ќе им овозможи брзо интегрирање на обработената материја на тренингот, преку профилирање на своите соговорници.
Бројот на учесници на тренингот е ограничен.
Пријави и повеќе информации на: [email protected], и: 071 314 112 и 072 253 815
MOMENTIS COACHING & DEVELOPMENT e компанија која испорачува мерливи и трансформациски промени, во рамки на една компанија или организација. Пертнер е на интернационалната консултантска компанија Atria Group и eдинстен на територија на Македонија, Косово и Албанија со најшироко портфолио на акредитирани развојни програми, професионални тренинзи, менторство, коучинг и алатки за процена на развој на чoвечкиот капитал на водечките меѓународни тренинг асоцијации: Persona Global, Erickson International, PCM, NLP Centar I SHL Talen Measurment.Тренингот претставува акредитиран производ на водечката тренинг асоцијација Персона Глобал. Се одржува веќе триесет години, во повеќе од

Пронајдете не на следниве мрежи: