ЈП Водовод и канализација-Скопје започна со доставување на новите сметки

ЈП Водовод и канализација-Скопје започна со доставување на новите сметки. Како што беше најавено, тие се поделени во три вида.Со сина линија во внатрешноста, која означува дека корисникот е редовен плаќач, потоа со портокалова линија, која означува дека корисникот има неплатени сметки и означува опомена пред тужба и црвена линија која означува дека корисникот е тужен за неплатени сметки.
„Сакам исто така да истакнам, дека со новите сметки во потполност ќе се зачува приватноста на граѓаните. Никој нема да може да види за кој вид на сметка се работи, освен самите тие, бидејќи надворешноста на сметката останува иста. Се работи за една линија во боја, која е во внатрешноста на сметката и истата ќе може да ја види само корисникот откако ќе ја отвори. Со новите сметки сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните, да бидат информирани во врска со нивната состојба за платени или не платени сметки, а во исто време да се избегнат каматите и трошоците за извршители“, изјави директорот на ЈП Водовод и канализација, Александар Атанасов.
ЈП Водовод и канализација-Скопје ќе продолжи и во иднина да работи во полза на нашите корисници, во насока на воведување нови мерки, промовирање на нови проекти, се со цел подобрување на нашите услуги кон граѓаните.Со сина линија во внатрешноста, која означува дека корисникот е редовен плаќач, потоа со портокалова линија, која означува дека корисникот има непл

Пронајдете не на следниве мрежи: