Семејните фотографии сега достапни за баба и дедо

Ново време, многу придобивки, но и нови проблеми. Младите лесно се навикнуваат на технологиите. Но, што се случува со повозрасните, оние коишто со одбивност гледаат на секој технолошки напреднат продукт и во експресно време го отфрлаат? Нивните изговори најчесто гласат: „Комплицирано ми е“; „Не догледувам“; „На овие години ли да учам“ и сл.Најверојатно многумина се пронајдоа во овие ситуации. Но, времето врви и се повеќе светот околу нас се менува, па старите добро познати и често користени технологии експресно се заменуваат со нови. Таков е и случајот со фотографиите. До вчера, сите ги имавме во хартиена форма, испечатени и врамени насекаде по домот. Често, тие беа и еден од главните мотиви за дружење, кога по враќањето од одморот веднаш ги повикувавме најблиските да им ги покажеме сликите од албумот.
А денес, албумот го споделуваме на социјалните мрежи, го коментираме и „лајкуваме“. Во минатото, кога ни доаѓаа на гости, сочниот бакнеж од баба или силното штипење за образот од дедо, пропратени со легендарните изјави: „Принцеза на баба“ и „Јунак на дедо“ беше нивниот лајк. Денес се е дигитално, а со тоа далечно и недопирливо за нив.
Сепак има надеж. Технологијата и услугите стануваат се подостапни и поедноставни, дури и за највозрасните. Така, во Македонија се појави една супер услуга којa што може да го реши проблемот. Имено, станува збор за новата бесплатна услуга на Т-Мобиле – Loop, која што овозможува лесно споделување на слики и видеа од смартфон директно на телевизор со MaxTV, на компјутер.
Што е толку посебно, кога веќе имаме Skype, Viber, DropBox?
Разликата во тоа е што сликите што ги сликате додека сте на одмор и ги закачувате веднаш на мобилната апликација LOOP, истите веднаш се појавуваат на телевизорот на баба, додека таа си ја гледа омилената серија. А може и поинаку. Кога ќе отидете кај баба и дедо на гости, наместо да им покажувате на малото екранче на смартфонот и да ве прашуваат напрегајќи се: „Ова си ти или сестра ти?“ комотно може да се вклучите на каналот 1118 на MaxTV каде што се наоѓа апликацијата LOOP и кодот испишан на телевизорот да го внесете во вашиот профил. И тоа е се, сликите веднаш се на големиот ТВ екран, па дури и телевизорот да е од постара генерација.
Сè што преостанува е да се симне апликацијата LOOP и право на гости кај баба и дедо, да се израдуваат со новата технолошка магија што и тие самите ќе можат да ја користат.
Постапката е едноставна, веб страницата www.loop.mk ве води чекор по чекор низ постапката.Најверојатно многумина се пронајдоа во овие ситуации. Но, времето врви и се повеќе светот околу нас се менува, па старите добро познати и често кор

Пронајдете не на следниве мрежи: