SONY освои 15 RED DOT награди за дизајн

Уште од своето основање во 1946 година, Sony континуирано го придвижува пазарот на електроника менувајќи го начинот на кој што остваруваме интеракција со технологијата. Основа за ваквиот успех лежи во посветеноста на компанијата кон стилски и функционален дизајн во служба на потрошувачот. Оваа година, Sony прославува уште еден успех со 15 Red Dot награди за иновативни производи.Наградата Red Dot за дизајн на производ, е една од најпрестижните награди за дизајн, која ја доделува Design Zentrum Nordrhein Westfalen во Есен, Германија. Во 2015, жирито избираше помеѓу 4,928 предлози од 56 земји, што сведочи за глобалниот имиџ на наградата.
The Best of the Best е награда која се доделува за иновативен дизајн и е врвната награда Red Dot за дизајн на производ која се доделува на најдобрите производи во категоријата. Sony освои две вакви награди, за LSPX-W1S 4K ласерскиот проектор и Xperia E3 паметниот телефон. Критериумите за избор се различни вклучувајќи степен на иновација, квалитет на дизајнот, како и функционални и еколошки критериуми, на тој начин оддавајќи му признание на иновативниот, добро осмислен и естетски задоволителен дизајн.
Стилскиот LSPX-W1S ласерски проектор е првиот чекор кон реализација на “Life Space UX” концептот од Sony, што претставува едно сосема поинакво корисничко искуство коешто им овозможува на потрошувачите да уживаат во забавата во нивната дневна соба на комплетно нов начин, благодарение на елегантниот дизајн кој што одлично се вклопува во било кој дел од домот. Ultra Short Throw објективите ви дозволуваат да го сместите проекторот близу до ѕидот и да го трансформира целиот простор во екран со големина од 147 инчи и слика која е четири пати појасна од сликата во висока дефиниција. Овој ласерски проектор има стилски дизајн во форма на мебел којшто е во хармонија со просторот и има алуминиумски финиш кој и дава луксузен изглед на дневната соба.
Покрај овие две best of the best награди, Sony исто така освои 13 Red Dot winner награди за дизајн на производ за модели од повеќе категории. Овие награди се доделуваат на производи кои со висок квалитет на дизајнот се издвојуваат од останатите. Победниците како BRAVIA X9500B серијата на телевизори, NW-ZX2 Walkman и DSC- RX100M3 Cyber-shot фотоапаратот претставуваат производи со убав и функционален дизајн кој и дозволува на електрониката одлично да се вклопи во животниот простор на потрошувачите. Заедно со наградениот SRS-X99, овие производи се фокусираат на комбинација од најдоброто во технолошки перформанс и минимален, ненападен дизајн којшто му даваат додадена вредност на производот.
Sony исто така беше награден и за иновативноста на производите во медицинскиот сектор како што е HMS-3000MT дисплејот за на глава, којшто го намалува уморот и ја зголемува удобноста на лекарите во моментот кога е најважно – за време на операција.Наградата Red Dot за дизајн на производ, е една од најпрестижните награди за дизајн, која ја доделува Design Zentrum Nordrhein Westfalen 

Пронајдете не на следниве мрежи: